Сектори
СЕКТОР ЗА КОМЕРЦИЈАЛНИ РАБОТИ
Пом.директор Дипл.шум.инж. Марјан Стојаноски
Работни цели:
- Управување со функционирање на секторот и соодветните одделенија и спроведување на надлежностите, контрола врз работењето на продажбата, развивање на политики за подобар пласман на дрвните производи
Опис на работни задачи и обврски:
- Врши надзор и координација врз работењето помеѓу секторот и соодветните работни единици во Подружниците;
- Го испитува и анализира пазарот во земјата и странство;
- Изнаоѓа и огранизира продажба на нови пазари во земјата и во странство и изготвува и предлага ценовници за продажба на дрвни и други производи;
- Изготвува и спроведува долгорочни, среднорочни и годишни планови за развој на секторот, продажба на дрвни сортименти и други производи;
- Склучува Договори со коминтенти за продажба и набавка;
- Го следи извршувањето на предвидените планови и Договори во секторот;
- Соработува со другите сектори во дирекцијата и со организации и институции кои се бават со проблематика од делокругот на секторот;
- Организира советувања за стручно унапредување на кадарот и учествува на саеми
- Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг, а кои не се опфатени со овој опис по налог на Директорот на претпријатието
Одговорност:
- За својата работа одговара пред Директорот на претпријатието