За Нас
Основни податоци за ЈП "Национални Шуми"
Основање
Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост на територијата на Р.С. Македонија "Национални Шуми"п.о.-Скопје е основано со Одлука на Владата на РМ бр. 3028/1 од 15.12.1997 г. (Сл.Весник на РМ бр. 65/97), а започна со работа на 01.07.1998 г. како правен следбеник на дотогаш постојните претпријатија за стопанисување со шуми.
Регистрација
Претпријатето е регистрирано во Основен суд – Скопје според Решението Трег.бр. 666/98 од 24.03.1998г. и број на регистарска влошка 7-02001896-000-09. Врз основа на Заклучок од 123-тата седница на Владата на РС Македонија, бр.45-1656/1 и 45-1658/1 од 25.02.2019 година, ЈП „Македонски шуми, започна постапка за промена на Статутот на јавното претпријатие, за што Управниот одбор на ЈП донесе Статутарна одлука за измена на Статутот бр.02-254/2 од 14.03.2019година, со која се менува називот на јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост „Македонски шуми“, во ЈП „Национални шуми“. Статутарните промени се усвоени со Одлука на Владата на РС Македонија од 09.04.2019 год., врз основа на што е донесено Решение од Центрaлниот регистар на РС Македонија од 24.04.2019 година, од кога важи употребата на називот ЈП „Национални шуми“ на сите нивоа.
Шифра на дејноста
0201
Даночен број
4030998338949
Полно име на претпријатието
Јавно претпријатие за стопанисување со државни шуми "Национални шуми" со потполна одговорност
Кратко име на претпријатието
ЈП "Национални шуми"п.о.-Скопје
Седиште
Ул.Булевар“Св.Климент Охридски“ Бр.68 Скопје-Центар