Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Производи и услуги

Други шумски производи

Зголемувањето на јавната свест за значењето на шумите и нивната економска, социјална и еколошка улога во секојдневниот живот на граѓаните на Република Македонија налагаат поголема одговорност во управувањето со шумите како природен ресурс, со посебен акцент на нивната заштита и контрола на користењето на сите производи кои се користат денес, било тоа да се дрва за огев, техничко дрво за дрвна индустрија, градежништво, но и други шумски производи кои прeставуваат значаен приход за руралното население.

Јавното Претпријатие „Македонски шуми“ во 2013 година го постави одржливиот систем за користење на други шумски производи и заштита на биодиверзитетот во животната средина, со цел да одговори на обврските и барањата поставени во меѓународните регулативи, но и во домашните законски прописи кои се однесуваат на оваа област. Тоа се законските обврски содржани во “Законот за шуми“, член 72 и “Правилникот за видовите на други шумски производи и начинот на користење и собирање на други шумски производи“, како и “Законот за природа“ и правилниците кои произлегуваат од него.

Во Април 2013 година Управниот Одбор на “Македонски шуми“ ги усвои сите потребни законски прописи - Правилници од областа на користење на други шумски производи, и истите се објавени јавно на веб-страницата на “Македонски Шуми“ (www.mkdsumi.com.mk). Известени се сите институции и организации, а посебно фирмите-правни лица кои се бават со откуп на други шумски производи.

Според наведените Правилници за други шумски производи, сите физички лица и правни лица-откупувачи мора да бидат регистрирани и имаат годишни „Дозволи за собирање на други шумски производи“ за собирачи, а правните лица – откупувачи се регистрираат преку “Договор за отстапување на собирање и откуп на други шумски производи преку откупни пунктови со надоместок“.

Пријавувањето и регистрацијата се врши во сите 30 Подружници на ЈП “Македонски шуми“ низ Република Македонија, каде истовремено се добиваат и детални информации за целокупниот ситем на одржливо користење, негова контрола и законски обврски на сите учесници во оваа област.

Упатство за регистрација на откуп на други шумски производи 

Ценовник за други шумски производи

Календар за собирање на други шумски производи

Календар за собирање на печурки

Правилник за други шумски производи - 1

Правилник за други шумски производи - 2

Монографија

Прирачник и монографија за собирање печурки и лишаи

Прирачник за собирачи и откупувачи на самоникнати растенија, габи и лишаи по принципи на органско производство

Прирачник за собирање

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт