За Нас
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЈП “НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“
1. Основање и регистрација
Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост на територијата на РМ – “Македонски шуми“ п.о.-Скопје е основано со Одлука на Владата на РМ бр.3028/1 од 15.12.1997г. (Сл.Весник на РМ бр.65/97), а започна со работа на 1.07.1998 г. како правен следбеник на дотогаш постојните претпријатија за стопанисување со шуми. Претпријатето е регистрирано во Основен суд – Скопје според Решението Трег.бр. 666/98 од 24.03.1998г. и број на регистарска влошка 7-02001896-000-09. Врз основа на Заклучок од 123-тата седница на Владата на РС Македонија, бр.45-1656/1 и 45-1658/1 од 25.02.2019 година, ЈП „Македонски шуми, започна постапка за промена на Статутот на јавното претпријатие, за што Управниот одбор на ЈП донесе Статутарна одлука за измена на Статутот бр.02-254/2 од 14.03.2019година, со која се менува називот на јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост „Македонски шуми“, во ЈП „Национални шуми“. Статутарните промени се усвоени со Одлука на Владата на РС Македонија од 09.04.2019 год., врз основа на што е донесено Решение од Центрaлниот регистар на РС Македонија од 24.04.2019 година, од кога важи употребата на називот ЈП „Национални шуми“ на сите нивоа.
- Шифра на дејноста . . . . . . . 02.01
- Даночен број . . . . . . . . . . . . 4030998338949
2. Д е ј н о с т
Имајки предвид дека шумите се природно добро од општ интерес, а стопанисувањето со шумите е дејност од јавен интерес, со Законот за шуми утврдени се основните дејности, а тоа се:
- Стопанисување со шумите во државна сопственост, во што спаѓа одгледување, заштита и користење на шумите, со чие извршување претпријатието треба да обезбеди трајно зачувување и зголемување на вредноста на шумите, како и постојано зголемување на нивниот прираст и на нивните општокорисни функции.
- Претпријатието врши и други дејности, кои се во врска со основните дејности, а придонесуваат за подобро искористување на капацитетите на претпријатието. Такви дејности се: лов, одгледување на дивеч, собирање и доработка на други шумски производи, ловен туризам и др.
3. К а п а ц и т е т и
a. Шуми и шумски фонд – површината под државни шуми со кои стопанисува ЈП изнесува 859.427 ха или 90% од вкупната површина под шума во РСМ (остатокот се приватни шуми). Од нив 25% се високостеблени шуми, а 75% се нискостеблени. Бруто можниот годишен етат изнесува околу 1.200.000 м3, а вкупниот годишен прираст околу 1.800.000 м3.
б. Шумски патишта – Изградени патишта во шума кои се наменети за превоз на шумски производи, се сметаат за шумски патишта и ги користат субјектите кои стопанисуваат со шумите. Оптималната отвореност на шумите со патишта се утврдува со општиот план и посебните планови. Отвореноста на шумите во просек изнесува 10,05 м/ха.
в. Расадници – ЈП располага со расадници за производство на шумски и декоративен саден материјал на вкупна бруто површина од 36,62 ха, или искористена површина од 22,00 ха со капацитет од 15.000.000 броја на садници.
г. Ловишта – Претпријатието располага со четири ловишта од кои две се државни ловиште ( “Лешница“ – Тетово и “Полаки“ - Кочани) и две ловишта под концесија и тоа : “Милисин“-Гевгелија и “Честово“-Валандово. Вкупната површина под ловишта со кои располага претпријатието изнесува 42.730 ха, од што на ловишта за крупен дивеч отпаѓаат 35.730 ха, а на ловишта за ситен дивеч - 7000 ха.
д. Хидродестилара – Капацитетот на погонот за хидродестилација кој се наоѓа во подружницата “Малешево“-Берово, според техничко-технолошките можности, се движи од 7.000-10.000 кгр. етерични масла, во зависност од суровината која се преработува.
4. Организациона поставеност
Јавното претпријатие “Национални шуми“ е организирано така што дејноста заради која е основано, да ја врши на начин со кој се обезбедува:
- Техничко-технолошко и економско единство;
- Ефикасност во работењето;
- Заштита и унапредување на добрата од општ интерес;
- Развој и усогласеност на сопствениот развој со вкупниот стопански развој.
Заради успешно остварување на овие цели, јавното претпријатие е организира во:
- Д и р е к ц и ј а и
- 30 П о д р у ж н и ц и.
За обезбедување на потребната координација во остварувањето на дејностите на Претпријатието, работењето во Дирекцијата се извршува преку 9 (девет) сектори, со кои раководат Помошници на Директорот, а тоа се:
- Сектор за уредување на шуми и ловишта и проектирање;
- Сектор за план и анализа, инвестиции и развој, информатички и комуникациски технологии;
- Сектор за шумарство;
- Сектор за одгледување, подигање, екологија и лов;
- Сектор за управување со шумско земјиште, шумска инфраструктура и механизација;
- Сектор за заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола;
- Сектор за комерцијални работи;
- Сектор за економско-финансиски работи;
- Сектор за правни, општи работи и човечки ресурси;
ЈП “Национални шуми“ во својот состав има 30 (триесет) подружници, со кои раководат Раководители.
5. Органи на управување и раководење
Органите на управување се:
- УПРАВЕН ОДБОР;
- ОДБОР ЗА МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ И
- ДИРЕКТОР