Директор на ЈП “Национални шуми”
ПРОФ. Д-Р Здравко Трајанов
e-mail: zdravko.trajanov@mkdsumi.com.mk
БИОГРАФИЈА
Проф.д-р Здравко Трајанов е роден во Радовиш на 07.05.1974 година. Основно образование и гимназија завршува во Радовиш со континуиран одличен успех. Во 1994 година се запишува на УКИМ Шумарски факултет во Скопје, студиите ги завршува во 1997 година со просечен успех девет. Во 1997 година се запишува на постдипломски студии од областа Уредување на шумите на Шумарски факултет во Скопје, постдипломските студиите ги завршува во 2003 година со просечен успех 9,83. Магистрира на тема “Производност и продуктивност на вештачки подигнатите насади од црн бор на планината Плачковица”. Во 2003 година се запишува на докторски студии во УКИМ Шумарски факултет-Скопје од областа на шумарски техники и операции (шумски транспорт), докторските студии ги завршува на 06.11.2008 година со одбраната на докторска дисертација под наслов “Модели на оптимални решенија на шумскиот транспорт во зависност од видот на сечата”. Својата професионална кариера ја започнува во 2002 година како помлад асистент на УКИМ Шумарски факултет во Скопје. За доцент на УКИМ Шумарски факултет во Скопје е избран во 2009 година, за вонреден професор е избран во 2013 година. Од 2018 до денес е редовен професор на УКИМ Шумарски факултет во Скопје, на областа Искористување на шумите, Механизација во шумарството и други. На факултетот ги држи предметите: Шумски транспорт, Отворање на шумите, Вовед во градежништво, Парковски инфраструктурни објекти и Влијание на активностите врз животната средина. Во 2013 година е избран за продекан на Шумарскиот факултет во Скопје. Покрај работата на факултетот има извршувано повеќе општествени и стручни функции: член на бордот на директори на ШИК Плачковица – Радовиш, Надворешен советник во ЈП Македонски шуми, учесник во работната група за трансформација на ЈП Македонски шуми, има завршено обука за проценител (покровител Владата на Велика Британија), активен е како вешто лице од областа на шумарството и друго. Проф. д-р Здравко Трајанов има забележителни резултати во научно истражувачката работа. Автор е на повеќе од 100 научни и апликативни трудови од областа на шумарството, објавени во реномирани списанија во земјата и странство. Има учествувано на многу домашни и меѓународни научни: семинари, симпозиуми, конференции од областа на шумарството. Проф.д-р Здравко Трајанов во периодот од 2013 до 2017 година е советник во Општина Радовиш од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Од 2020 до 2024 година е пратеник во Собранието на Македонија, од редовите на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Член е во повеќе работни тела и комисии: Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство – член, Комисија за образование, наука и спорт – член, Комисија за економски прашања – член, Комисија за локална самоуправа - заменик член, Национален совет за евроинтеграции – заменик член. Учесник во повеќе Парламентарни групи: Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентите на: Република Казахстан, Киргистанска Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан и Туркменистан – член, Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република и Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Украина. Со Одлука на Управниот одбор Бр.02-330/4 од 05.07.2024 година е именуван за вршител на должност Директор на Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост на територијата на РСМакедонија - Национални шуми п.о. - Скопје