Сектори
СЕКТОР ЗА ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ, НАДЗОР И ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА
Пом.директор Дипл.шум.инж. Игор Стојановски
Работни цели:
- Управување со функционирање на секторот и соодветните одделенија и спроведување на надлежностите, контрола врз работењето на производниот процес, развивање на политики за заштита и контрола
Опис на работни задачи и обврски:
- Врши надзор и координација врз работењето помеѓу секторот и соодветните работни единици во Подружниците и ја координира работата на шумочуварското одделение на ниво на ЈП
- Изготвува и го следи извршувањето на годишната програма од оваа област и ги следи сите законски одредби од областа на заштита и чување на шумите и се грижи за нивна правилна примена;
- Одобрува годишен план за заштита на шумите од бесправни сечи: се грижи за спроведување на истиот ;
- Го следи и го насочува работењето на регионалните центри за заштита на шумите;
- Организира следење на појавата на растителни болести и штетници во шумите и предлага мерки за сузбивање на истите на ниво на ЈП;
- Обезбедува навременa и квалитетнa размена на податоците со ИДП службата и соработува со истата;
- Ја следи работата на одделението за внатрешна контрола и дава насоки за поефикасно работење во соработка со раководителот;
- Ги одобрува извештаите на внатрешната контрола и истите ги доставува до Директорот на ЈП;
- Остварува соработка на национално и меѓународно ниво со други институции од областа на заштитата на шумите;
- Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг, а кои не се опфатени со овој опис по налог на Директорот на претпријатието
Одговорност:
- За својата работа одговара пред Директорот на претпријатието