Сектори
СЕКТОР ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ, ПОДИГАЊЕ, ЕКОЛОГИЈА И ЛОВ
Пом.директор Дипл.шум.инж. Љупчо Мицев
Работни цели:
- Управување со функционирање на секторот и соодветните одделенија и спроведување на надлежностите, контрола врз работењето, развивање на политики за квалитет и подобра искористеност на ресурсите
Опис на работни задачи и обврски:
- Врши надзор и координација врз работењето помеѓу секторот и соодветните работни единици во Подружниците;
- Ги планира, контролира и координира потребите за зачувување на општокорисните функции на шумите и остварување на одржливото стопанисување со шумите;
- Ја следи реализацијата на шумско културните работи прдвидени со пресметките за утврдување на штетите при трајна пренамена на шумите и шумско земјиште;
- Го контролира и координира производството на семенски материјали, заштитата на семенските состоини и генетските ресурси;
- Го контролира и координираа работењето во ловиштата и фармите;
- Го контролира спроведувањето на годишните планови за спроведување на посебните ловностопански основи за ловиштата со кои стопанисува ЈП “Македонски шуми“ п.о. - Скопје;
- Го следи извршувањето на предвидените работи во посебните ловностопански основи и организира комерцијален лов;
- Соработува со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството, со организации и институции кои се занимаваат со проблематиката од делокругот на работата на секторот и со правните субјекти носители на барања од делокругот на работата на секторот;
- Организира и учествува на семинари и работилници и го претставува ловството на саеми и изложби во земјава и странство;
- Врши и други работи и работни задачи од својот делокруг, а кои не се опфатени со овој опис по налог на Директорот на претпријатието
Одговорност:
- За својата работа одговара пред Директорот на претпријатието