ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС, ПШС “Лопушник” – Кичево, ШСЕ ,,Љубен Србјани” оддел 9/а
.jpg)
ЈП”НАЦИОНАЛНИ ШУМИ’ – СКОПЈЕ
ПОДРУЖНИЦА ШС ,,ЛОПУШНИК,, - КИЧЕВО
ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС
Се повикуваат сите заинтересирани коминтенти (купувачи) да се пријават на повикот во ЈП”Национални шуми” ПШС ,,Лопушник,, Кичево. Јавното претпријатие на најтранспарентен начин отпочнува со склучување на купопродажни договори за дрвна маса на пенушка согласно Законот за шумите чл.70 во ПШС “Лопушник” – Кичево, ШСЕ ,,Љубен Србјани” оддел 9/а со сите заинтересирани субјекти кои ќе се пријават на овој повик и кои ги исполнуваат условите од повикот, прописите и критериуми донесени од претпријатието.
Субјектите кои се заинтересирани за склучување на купопродажни договори и кои ги исполнуваат критериумите можат да поднесат барање за склучување на договор.
Правните субјекти за да се пријават на овој повик треба да имаат:
- инсталирано линија за дрвни производи (дрво за преработка), или
- инсталирано линија за дрвни плочи, иверици, пелети, брикети и сл. или
- регистриран склад за продажба на дрво и дрвни сортименти.
Во прилог на барањето треба да се достави:
- Решение за промет на дрво и дрвни сортименти издадено од МЗШВ
- Тековна состојба на правното лице издадена од Централен регистар, не постара од 6 месеци
- ДРД образец од Централен регистар
- Декларација за прием (заверен образец од банка депонент за последен исплатен личен доход по број на вработени)
- Лиценца за извршување на шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур или Договор со лиценциран правен субјект за извршување на сеча и дотур
За увид на лице место и подетални информации во врска со ШСЕ, оддел/пододдел, дрвни видови, дрвни сортименти, количини, цени и начин на плаќање може да се информирате во Подружницата на јавното претпријатие.
Обрзецот на барање може да се подигне од веб страната www.mkdsumi.com.mk, во Дирекцијата и Подружниците на Јавното претпријатие.
Барањата да се достават во ПШС најдоцна до 24.02.2025 година.
Подружница ШС ,,Лопушник,, Кичево
Назад