Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Јавни повици

ЈП"МАКЕДОНСКИ ШУМИ"-СКОПЈЕ ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС 2018

Се повикуваат сите заинтересирани коминтенти (купувачи) на огревно и техничко дрво да се пријават на повикот во ЈП”Македонски шуми”. Јавното претпријатие на  најтранспарентен начин отпочнува со склучување на купопродажни договори со сите заинтересирани субјекти кои ќе се пријават на овој повик и кои ги исполнуваат условите од повикот, прописите и критериуми донесени од претпријатието.

mkd shumi

Субјектите кои се заинтересирани за склучување на  купопродажни договори за 2018 година и кои ги исполнуваат критериумите можат да поднесат “БАРАЊЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ГОДИШНИ  КУПОПРОДАЖНИ ДОГОВОРИ”.

Обрзецот на барањата може да се подигне од веб страната www.mkdsumi.com.mk, во Дирекцијата и Подружниците на Јавното претпријатие.

               Во прилог на барањето за купување на техничко дрво треба да се достави:

· Тековна состојба од правното лице од Централен регистар не постара од 6 месеци

· ДРД обрзаец од Централен регистар

· Заверен образец за последен исплатен личен доход по број на вработени

Во прилог на барањето за купување на огревно дрво треба да се достави:

  • Документ дека правното лице има регистриран склад за продажба на дрвни сортименти (Решение за регистриран склад за промет на дрво и дрвни сортименти издаден од МЗШВ).
  • Тековна состојба на правното лице од Централен регистар не постара од 6 месеци
  • ДРД образец од Централен регистар
  • Заверен образец за последен исплатен личен доход
  • Да достави писмена изјава заверена на нотар со која се обврзува:

- дека максималната цена на продажба нама да биде повисока од 3.000 денари/метар просторен за даб и 2.900,00 денари/метар просторен за бука

-  дека се согласува ЈП “Mакедонски шуми”  да му задржи 10% од вкупно уплатената сума по договорот доколку не го исполни условот од претходната точка за максимална цена на продажба.

  • Доказ на купувачот дека во нивните складови имаат инсталирано линија за дрвни производи (дрво за преработка), имаат инсталирано линија за дрвни плочи, иверици, пелети, брикети и конфекциониран цепен огрев (палетиран, пакуван во вреќи или кутии).

Барањето со наведените документи од правните лица треба да се достави по пошта во Дирекцијата на ЈП”Македонски шуми” ул.Перо Наков бр.128 Скопје или на е-mail kostadinka.sokolovska@mkdsumi.com.mk за техничко дрво и valentina.deribabova@mkdsumi.com.mk за огревно дрво.

Доколку правното или физичко лице има неподмирен долг кон ЈП "Македонски шуми" или има спор со Јавното претпријатие, нема да му се примаат барањата за склучување на годишни договори, доколку купувачот го подмири долгот во рокот предвиден за аплицирање барањето ќе се прими и разгледа.

НАЧИНИ И УСЛОВИ ЗА ПРОДАЖБА:

Дрвните сортименти ќе се продаваат со:

1.       Годишен договор на основ на рамковни договори

2.       Годишен договор без рамковен договор

3.       Продажба на благајна – малопродажба

4.       По пат на усно и јавно наддавање-Лицитација

РАМКОВНИ ДОГОВОРИ со годишни договори

Рамковните договори можат да се склучуваат на време од 10 години, независно од времето на склучување и тоа за количини до 70% од планираните годишни количини на производство на трупци, огревно дрво и биомаса.

  1. Право на рамковен договор имаат купувачи кои имаат пилана или повеќе годишен закуп на пилана (тогаш таа пилана нема да добие договор). Препродажба на трупци не е дозволена, освен после искористеното право на првокупување од ЈПМШ, по куповна цена од ЈПМШ. Правните субјекти или поврзани правни субјекти во мнозинска сопственост на едно лице или поврзани лица се сметаат како еден субјект.
  2. Право на рамковен договор за купување на нестандардни дрвни производи (дрво за чипс - биомаса за зелена енергија) имаат купувачи кои во своите капацитети произведуваат зелена енергија (електична енергија-когенерација и/или топлинска енергија).
  3. Право на рамковен договор за купување на огревно дрво и дрво за производство на дрвни производи (дрво за преработка) имаат купувачи кои во своите капацитети произведуваат зелена енергија (електична енергија и/или топлинска енергија) на кои при процесот на согорувањето на дрвото имаат висок процентот на искористеност на произведената енергија, минимум 60%.
  4. Право на рамковен договор за купување на дрвни сортименти, дрво за производство на дрвни производи (дрво за преработка) и огревно дрво имаат купувачи кои во своите преработувачки капацитети имаат инсталирани линии за дрвени плочи, иверици, пелети, брикети, конфекциониран цепен огрев (палетиран, пакуван во вреќи и кутии) и производство на дрвен јаглен.

- Право на рамковен договор за купување на огревно дрво за конфекциониран огрев имаат правните субјекти кои ги исполнуваат одредбите согласно Законот за шумите.

Секој правен субјект склучува рамковен договор поединечно, може да склучи само еден рамковен договор. Рок на склучување на нови рамковните договори е до 31 декември.

Врз основа на рамковен договор, ќе се склучуваат годишни договори, во кои ќе се определат цената и количината на сортиментите на годишно ниво за секој купувач посебно.

Барана количина во годишниот договор за следна година по индивидуален купувач не можат да бидат поголеми за повеќе од 10 % од купени или договорени сортименти во тековната година, но не поголеми од 10.000 м3 по купувач.

ГОДИШЕН ДОГОВОР (на основ на рамковен договор)

ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕХНИЧКО ДРВО

Врз основа  на рамковен договор се поднесува барање за склучување на годишен договор. Барањата за склучување на  годишен договор ќе се примаат до 31 декември во тековната за наредната година. Во Барањето да се наведат количините, видот на дрво, квалитетни класи според потребите, и намената за што производи ќе се користат трупците (фурнир, лупење, пилење, амбалажа и др.). Рок на склучување на договорите до 15.01.2018 година.

ГОДИШЕН ДОГОВОР (без рамковен договор)

ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕХНИЧКО ДРВО

- Право на годишен договор без рамковен договор имаат сите купувачи (долгогодишни и нови купувачи), со поднесено барање за купување на дрвна маса за количини на годишни потреби најкасно до 31 декември.

- Нови купувачи се сите оние купувачи кои немале договор со ЈПМШ две години пред поднесување на барањето.

- Предност за склучување на годишен договор имаат правните лица кои се долгогодишни партнери на ЈП ″Македонски Шуми″, немаат неподмирени долгови и не се наоѓаат на црна листа.

- Рок на склучување на годишните договори е од 01 јануари до 15 февруари или до исполнување на планираните количини на техничко дрво. Плаќањето на догорените количини ќе биде авансно, согласно утврдена месечна динамика за испорака на количините согласно договорот.

ГОДИШЕН ДОГОВОР

ЗА ПРОДАЖНА НА ОГРЕВНО ДРВО

ГОДИШНИ ДОГОВОРИ ЗА ПРОДАЖБА НА ОГРЕВНО ДРВО НА  ЗДРУЖЕНИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, ИНВАЛИДИ НА ТРУДОТ И СИНДИКАТИ НА ПРАВНИ ЛИЦА

-  Купопродажните договори за огревно дрво  со здруженија на пензионери, инвалиди на трудот  ќе се склучуваат со плаќање на рати, така што последната рата  да не биде подоцна од месец октомври во годината за која важи договорот.

-   Испораката ќе се врши согласно висината на уплатените средства, до износот на предвидените количини во договорот.

-   Рок за аплицирање до 31.12.2017 година, а рок на склучување на договори од 01.01 - 10.02. 2018 година.

ПРОДАЖБА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

-  Продажба на огревно дрво за физички лица може да се врши најмногу на 6 (шест) рати, за што одлука ќе донесе Директорот на ЈП, по претходно барање од страна на ПШС. Право на склучување на договори ќе имаат подружниците во кои се целосно подмирени обврските од изминатите години согласно договорите за физички лица и обврските од сите физички лица кои купиле огревно дрво за домаќинството.

-   За Социјално ранливите категории на граѓани (социјални случаи, лицата со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители и стечајни работници) и семејствата на бранителите, на вработени кои останале инвалиди на трудот и вработени кои загинале при работа, кои ќе купат огревно дрво во готово им следува попуст од 10%.

-   Социјално ранливите категории на граѓани (социјални случаи, лицата со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители и стечајни работници) и семејствата на бранителите можат да купуваат огревно дрво на 8 (осум) и повеќе рати без попуст.

Статусот на ранливите категории, се докажува со потврда од надлежната институција.

Рок за поднесување на апликација и склучување на договори е од 15.12.2017 година до исполнување на планираните количини на огревно дрво во ПШС или до 31.03.2018 година.

ГОДИШНИ ДОГОВОРИ ЗА ПРОДАЖБА НА ОГРЕВНО ДРВО НА ПРАВНИ ЛИЦА КОИ ИМААТ РЕГИСТРИРАНО СКЛАД ЗА ПРОМЕТ НА ДРВО И ДРВНИ СОРТИМЕНТИ

1. Правни субјекти кои имаат регистрирано склад за промет на дрво и дрвни сортименти

Рок на аплицирање и склучување на договори од 15.12.2017 година до исполнување на слободните планирани количини на огревно дрво.

Договорите ќе се склучувааат во Секторот за комерцијални работи во Дирекцијата на ЈП “Mакедонски шуми”, на Барање на правните субјекти.

 

За подетални информации заинтересираните можат да се јават во дирекцијата на ЈП”Македонски шуми” – Скопје, Сектор за комерцијални работи на тел.02/2581-080 локал-125; 02/2580-932.

 

 

ЈП „Македонски шуми“ - п.о. - Скопје

в.д    Д и р е к т о р

Зоран Ѓорѓиев

 

Барање за огревно дрво (синдикати, здруженија и др. правни лица)

Барање за огревно дрво за физички лица

Барање за огревно дрво за физички лица пензионери и инвалиди на трудот

Барање за огревно дрво за физички лица социјални ранливи категории

Барање за огревно дрво Правни Субјекти - Регистрирани складови

Барање за техничко дрво

Назад

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт