Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Производи и услуги

Расадници

При интензивно стопанисување со шумите се јавува потреба од обновување на искористените шуми. За таа потреба ЈП “Национални шуми” во својот состав има специјално организирани површини ресадници во кои се произведува висикоквалитетен посадочен материјал од иглолисни и широколисни дрвни видови. Расадниците кои се наоѓаат во состав на ЈП “Национални шуми” одговараат на природните макро и микро услови, орографските, климатските, педолошките, хидролошките и други услови. Во нив производниот процес го извршуваат висококвалификувани и специјализирани работници со вклучување на сезонска работна рака.

Годишно во расадниците на ЈП “Национални шуми” со произведуваат 8.000.000 садници со семе од издвоени семенски состоини. Производството на посадочниот материјал се извршува по класична и контејнерска метода. Контејнерската метода се одликува со тоа што семето се сее во контејнери (гајби) кои се наполнети со супстрат од тресет, кои потоа се сместуваат во пластеници каде им се обезбедуваат посебни услови со што се постигнува поголем процент на ртливост на семето и се добива поуедначен посадочен материјал. По оваа метода се произведуваат садници со старост од една година (1+0) и со оглед на тоа што се садат со супстрат процентот на прифаќање е поголем отколку кај садниците произведени по класична метода.

Класичното призводство т.е. садници со гол корен се произведуваат во леи во расадник. Произвотство се изведува со потсејување на семето во сејалиште т.е. во самите леи. Садниците произведени по оваа метода се со старост од две години (2+0) кај иглолисните дрвни видови и една година (1+0) кај листопадните дрвни видови. Кога ќе се постигне саканата возраст се вадат без бусен се пикираат и се дистрибуираат на терен каде што се врши пошумување.

• Контејнерско производство се изведува во расадниците Свети Николе, Куманово, Струмица и Ресен;
• Класично производство се изведува во следниве расадници Берово, Делчево, Кавадарци, Радовиш, Кичево, Велес, Демир Хисар, Скопје и Ресен.

Дрвните видови кои се произведуваат се од автохтони и алохтони дрвни видови кои се од посебен интерес за шумарството, но и помала количина на декоративни дрвни видови и грмушки кои својата примена ја наоѓаат во пејсажната архитектура. Декоративен посадочен материјал се произведува во расадниците во Кавадарци и Радовиш, од иглолисни и широколисни дрвни видови со сопствено производство на репро матреријал (сејаници, ожиленици, резници).

Дел од видовата структура од шумски саден материјал е следнава: црн бор, бел бор, приморски бор, молика, смрча, ела, дуглазија, аризонски чемпрес, ариш, јасен, јавор, даб, багрем, бука, питом костен и други.

Расадници во составот на ЈП “Национални шуми” имаат следниве подружници:

Ред. Бр. Производител на посадочен материјал Локалитет Површина Хектари Надморска височина
1 ПШС “Бор” - Кавадарци “Марена” - “Круша” 10,0 ха 210 м.н.в.
2 ПШС “Куманово” - Куманово Режановске врбе 4,0 ха 370 м.н.в.
3 ПШС “Беласица” - Струмица Просениково 3,9 ха 250 м.н.в.
4 ПШС “Шумарство” - Свети Николе Мавровица 12,0 ха 260 м.н.в.
5 ПШС “Преспадрво” - Ресен Асамати 0,7 ха 890 м.н.в
6 ПШС “Малешево” - Берово Брдославица 2,2 ха 830 м.н.в.
7 ПШС “Голак” - Делчево Делчево (во градот) 1,2-1,5 ха 600 м.н.в.
8 ПШС “Плачковица” - Радовиш Подареш, Плачковица 8,0 ха 350 м.н.в.
9 ПШС “Караџица” - Скопје Вртешка - Китка 0,6-0,8 ха 900 м.н.в.
10 ПШС “Лопушник” - Кичево Крушино 0,58 ха 790 м.н.в.
11 ПШС “Бабуна” - Велес Извор 1,0 ха 500 м.н.в.
12 ПШС “Бигла” - Демир Хисар Сопотница 5 - 6 ха 700 м.н.в.

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт