Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Производи и услуги

Лов и ловен туризам

Ценовник за лов

ЈП"Национални шуми" работи на целата територија на Р.С. Македонија, а работата се извршува во 30 подружници, со околу 2500 постојано вработени. Р.С. Македонија го зафаќа централното подрачје на Балканскиот Полуостров кое е испреплетено со речни долини, котлини и високи планини, кои достигнуваат до 2800м.н.в. и сето тоа овозможува услови за развивање и негување на ловот и ловниот туризам како профитабилна стопанска дејност, во ЈП"Национални шуми" има посебно место и интерес за негово унапредување и рационално искористување заради постигнување на поголеми финансиски ефекти.

Ловишта – Претпријатието располага со четири ловишта од кои две се државни ловиште ( “Лешница“ – Тетово и “Полаки“ - Кочани) и две ловишта под концесија и тоа : “Милисин“-Гевгелија и “Честово“-Валандово. Вкупната површина под ловишта со кои располага претпријатието изнесува 42.730 ха, од што на ловишта за крупен дивеч отпаѓаат 35.730 ха, а на ловишта за ситен дивеч - 7000 ха. Терените се со најразлични релјефни форми, богати со проточна вода и различни типови на шуми. Поврзани се со пристапни патишта и опремени со ловнотехнички објекти, а во некои ловишта и ловечки куќи со понуда на пансион. Во ловиштата можете да користите повеќе видови на услуги како: теренско возило, коњ, водичка служба, терачи на дивеч, куче, изнајмување на оружје и муниција или пак да го разгледувате ловиштето од ловечки чеки и снимате со камера.

Државно ловиште "Полаки"-Кочани

На 150 км од Скопје, на дел од јужните падини на Осоговските Планини, на вкупна површина од 15.250ха се наоѓа Државното ловиште "Полаки". Разнообразноста на релјефните форми и големата висинска разлика (500-2.084м надморска височина), застапеноста на најразлични типови на шуми и изобилство на проточна вода во текот на целата година, овозможува зонално распространување и опстанок на повеќе видови на крупен дивеч како обичен елен, елен лопатар, срна, муфлон и дива свиња. Во ловиштето има оградена површина од околу 1.000 ха каде интензивно се одгледува и се врши застрел на крупен дивеч. Пристапноста со патишта и опременоста со ловнотехнички објекти овозможуваат брз и безбеден лов во оградениот дел од ловиштето преку цела година. Во ловиштето е сместен Ловниот дом "Пашаџиково" со корисна површина од 200м2 и капацитет за 10 особи. Освен ловниот дом, ловците може да бидат сместени и во објектите на зимско-туристичкиот центар "Пониква" кој се наоѓа во непосредна близина на ловиштето.

Државно ловиште "Лешница"-Тетово

Со површина од 12.400 ха и надморска височина од 978 - 2748 м. Структурата и составот на шумската и друга вегетација и изобилството на проточна вода претставуваат добри услови за опстанок и развој на многу видови на дивеч како што се: срна, дива свиња, мечка, рис и други. Планинскиот терен и прекрасните природни услови овозможуваат извонреден развој на дивокозата така што можат да се сретнат трофеи со висока вредност.

Ловиште "Честово"-Валандово

на површина од 7.000 ха Изобилството на храна, како и чистата проточна вода на Анска Река, овозможуваат идеални услови за развој на зајакот, еребица камењарка, полска еребица и фазан.

Ловиште "Милисин"-Гевгелија

На површина од 10.400 ха. Главни стопански видови на дивеч во ловиштето се срната и дивата свиња. Во ловиштето се наоѓа и ограден простор од 313 ха за интензивно одгледување и застрел на крупен дивеч (дива свиња, елен лопатар и срна).

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт