Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Производи и услуги

Имајки предвид дека шумите се природно добро од општ интерес, а стопанисувањето со шумите е дејност од јавен интерес, со чл.17 од Законот за шуми утврдени се основните дејности, а тоа се : одгледување, заштита и користење на шумите со чие извршување претпријатието треба да обезбеди трајно за чувување и зголемување на вредноста на шумите, како и постојано зголемување на нивниот прираст и на нивните општокорисни функции.

Претпријатието врши други дејности кои се во врска со основните дејности, а придонесуваат за подобро искористување на капацитетите на претпријатието. Такви дејности се : лов и одгледување на дивеч, производство и продажба на режана граѓа, производство на риба, поледелство, сточарство, трговија на големо и мало со главни и споредни шумски производи и градежни материјали, планински туризам и др.

Ценовник

Производи и услуги

Дрво и дрвни сортименти

Имајки предвид дека шумите се природно добро од општ интерес, а стопанисувањето со шумите е дејност од јавен интерес, со чл.17 од Законот за шуми утврдени се основните дејности, а тоа се : одгледување, заштита и користење на шумите со чие извршување претпријатието треба да обезбеди трајно за чувување и зголемување на вредноста на шумите, како и постојано зголемување на нивниот прираст и на нивните општокорисни функции.


ЈП“Национални шуми“ користењето на шумите го врши плански согласно Посебните планови за стопанисување со шуми, на начин кој обезбедува трајно зачувување на нивната површина и зголемување на вредноста на шумите, постојано зголемување на нивниот прираст и принос како и зачувување и унапредување на нивните општокорисни функции кои се во насока на одржлив развој и унапредување на животната средина. Заштитните функции на шумите се остваруваат преку заштита на земјиштето и други објекти од ерозија, влијание на водниот режим и режимот на ерозивните наноси, заштита на хидромелиоративните системи и објекти, заштита на населби и објекти од јавен и локален интерес во државна и приватна сопственост. Производните функции пак на шумите се во насока на производство на дрво и други производи од шумата. Дрвните сортименти се продаваат со: рамковен договор за деловна соработка со годишни договори, годишен договор без рамковен договор и продажба на благајна – малопродажба. Јавното претпријатие “Национални шуми” – Скопје во декември тековната година објавува Повик за интерес за склучување на купопродажни договори за техничко и огревно дрво за наредната година на web страната на јавното претпријатие.

ЈП Национални шуми располага и стопанисува со:

  • Државни шуми --------------------- 859.427 ха (89%)
  • Приватни шуми -------------------- 106.223 ха (11%)

Ценовник

Производи и услуги

Лов и ловен туризам

Ценовник за лов

ЈП"Национални шуми" работи на целата територија на Р.С. Македонија, а работата се извршува во 30 подружници, со околу 2500 постојано вработени. Р.С. Македонија го зафаќа централното подрачје на Балканскиот Полуостров кое е испреплетено со речни долини, котлини и високи планини, кои достигнуваат до 2800м.н.в. и сето тоа овозможува услови за развивање и негување на ловот и ловниот туризам како профитабилна стопанска дејност, во ЈП"Национални шуми" има посебно место и интерес за негово унапредување и рационално искористување заради постигнување на поголеми финансиски ефекти.

Ловишта – Претпријатието располага со четири ловишта од кои две се државни ловиште ( “Лешница“ – Тетово и “Полаки“ - Кочани) и две ловишта под концесија и тоа : “Милисин“-Гевгелија и “Честово“-Валандово. Вкупната површина под ловишта со кои располага претпријатието изнесува 42.730 ха, од што на ловишта за крупен дивеч отпаѓаат 35.730 ха, а на ловишта за ситен дивеч - 7000 ха. Терените се со најразлични релјефни форми, богати со проточна вода и различни типови на шуми. Поврзани се со пристапни патишта и опремени со ловнотехнички објекти, а во некои ловишта и ловечки куќи со понуда на пансион. Во ловиштата можете да користите повеќе видови на услуги како: теренско возило, коњ, водичка служба, терачи на дивеч, куче, изнајмување на оружје и муниција или пак да го разгледувате ловиштето од ловечки чеки и снимате со камера.

Државно ловиште "Полаки"-Кочани

На 150 км од Скопје, на дел од јужните падини на Осоговските Планини, на вкупна површина од 15.250ха се наоѓа Државното ловиште "Полаки". Разнообразноста на релјефните форми и големата висинска разлика (500-2.084м надморска височина), застапеноста на најразлични типови на шуми и изобилство на проточна вода во текот на целата година, овозможува зонално распространување и опстанок на повеќе видови на крупен дивеч како обичен елен, елен лопатар, срна, муфлон и дива свиња. Во ловиштето има оградена површина од околу 1.000 ха каде интензивно се одгледува и се врши застрел на крупен дивеч. Пристапноста со патишта и опременоста со ловнотехнички објекти овозможуваат брз и безбеден лов во оградениот дел од ловиштето преку цела година. Во ловиштето е сместен Ловниот дом "Пашаџиково" со корисна површина од 200м2 и капацитет за 10 особи. Освен ловниот дом, ловците може да бидат сместени и во објектите на зимско-туристичкиот центар "Пониква" кој се наоѓа во непосредна близина на ловиштето.

Државно ловиште "Лешница"-Тетово

Со површина од 12.400 ха и надморска височина од 978 - 2748 м. Структурата и составот на шумската и друга вегетација и изобилството на проточна вода претставуваат добри услови за опстанок и развој на многу видови на дивеч како што се: срна, дива свиња, мечка, рис и други. Планинскиот терен и прекрасните природни услови овозможуваат извонреден развој на дивокозата така што можат да се сретнат трофеи со висока вредност.

Ловиште "Честово"-Валандово

на површина од 7.000 ха Изобилството на храна, како и чистата проточна вода на Анска Река, овозможуваат идеални услови за развој на зајакот, еребица камењарка, полска еребица и фазан.

Ловиште "Милисин"-Гевгелија

На површина од 10.400 ха. Главни стопански видови на дивеч во ловиштето се срната и дивата свиња. Во ловиштето се наоѓа и ограден простор од 313 ха за интензивно одгледување и застрел на крупен дивеч (дива свиња, елен лопатар и срна).

Производи и услуги

Расадници

При интензивно стопанисување со шумите се јавува потреба од обновување на искористените шуми. За таа потреба ЈП “Национални шуми” во својот состав има специјално организирани површини ресадници во кои се произведува висикоквалитетен посадочен материјал од иглолисни и широколисни дрвни видови. Расадниците кои се наоѓаат во состав на ЈП “Национални шуми” одговараат на природните макро и микро услови, орографските, климатските, педолошките, хидролошките и други услови. Во нив производниот процес го извршуваат висококвалификувани и специјализирани работници со вклучување на сезонска работна рака.

Годишно во расадниците на ЈП “Национални шуми” со произведуваат 8.000.000 садници со семе од издвоени семенски состоини. Производството на посадочниот материјал се извршува по класична и контејнерска метода. Контејнерската метода се одликува со тоа што семето се сее во контејнери (гајби) кои се наполнети со супстрат од тресет, кои потоа се сместуваат во пластеници каде им се обезбедуваат посебни услови со што се постигнува поголем процент на ртливост на семето и се добива поуедначен посадочен материјал. По оваа метода се произведуваат садници со старост од една година (1+0) и со оглед на тоа што се садат со супстрат процентот на прифаќање е поголем отколку кај садниците произведени по класична метода.

Класичното призводство т.е. садници со гол корен се произведуваат во леи во расадник. Произвотство се изведува со потсејување на семето во сејалиште т.е. во самите леи. Садниците произведени по оваа метода се со старост од две години (2+0) кај иглолисните дрвни видови и една година (1+0) кај листопадните дрвни видови. Кога ќе се постигне саканата возраст се вадат без бусен се пикираат и се дистрибуираат на терен каде што се врши пошумување.

• Контејнерско производство се изведува во расадниците Свети Николе, Куманово, Струмица и Ресен;
• Класично производство се изведува во следниве расадници Берово, Делчево, Кавадарци, Радовиш, Кичево, Велес, Демир Хисар, Скопје и Ресен.

Дрвните видови кои се произведуваат се од автохтони и алохтони дрвни видови кои се од посебен интерес за шумарството, но и помала количина на декоративни дрвни видови и грмушки кои својата примена ја наоѓаат во пејсажната архитектура. Декоративен посадочен материјал се произведува во расадниците во Кавадарци и Радовиш, од иглолисни и широколисни дрвни видови со сопствено производство на репро матреријал (сејаници, ожиленици, резници).

Дел од видовата структура од шумски саден материјал е следнава: црн бор, бел бор, приморски бор, молика, смрча, ела, дуглазија, аризонски чемпрес, ариш, јасен, јавор, даб, багрем, бука, питом костен и други.

Расадници во составот на ЈП “Национални шуми” имаат следниве подружници:

Ред. Бр. Производител на посадочен материјал Локалитет Површина Хектари Надморска височина
1 ПШС “Бор” - Кавадарци “Марена” - “Круша” 10,0 ха 210 м.н.в.
2 ПШС “Куманово” - Куманово Режановске врбе 4,0 ха 370 м.н.в.
3 ПШС “Беласица” - Струмица Просениково 3,9 ха 250 м.н.в.
4 ПШС “Шумарство” - Свети Николе Мавровица 12,0 ха 260 м.н.в.
5 ПШС “Преспадрво” - Ресен Асамати 0,7 ха 890 м.н.в
6 ПШС “Малешево” - Берово Брдославица 2,2 ха 830 м.н.в.
7 ПШС “Голак” - Делчево Делчево (во градот) 1,2-1,5 ха 600 м.н.в.
8 ПШС “Плачковица” - Радовиш Подареш, Плачковица 8,0 ха 350 м.н.в.
9 ПШС “Караџица” - Скопје Вртешка - Китка 0,6-0,8 ха 900 м.н.в.
10 ПШС “Лопушник” - Кичево Крушино 0,58 ха 790 м.н.в.
11 ПШС “Бабуна” - Велес Извор 1,0 ха 500 м.н.в.
12 ПШС “Бигла” - Демир Хисар Сопотница 5 - 6 ха 700 м.н.в.

Производи и услуги

Други шумски производи

Зголемувањето на јавната свест за значењето на шумите и нивната економска, социјална и еколошка улога во секојдневниот живот на граѓаните налагаат поголема одговорност во управувањето со шумите како природен ресурс, со посебен акцент на нивната заштита и контрола на користењето на сите производи кои се користат денес, било тоа да се дрва за огрев, техничко дрво за дрвна индустрија, градежништво, но и други шумски производи кои прeставуваат значаен приход за руралното население.

Во однос на потребата на пазарна валоризација на сите шумски ресурси и за целосно искористување на сите можности кои ги дава шумата, особено во поглед на искористувањето на другите шумски производи, се наметнува потребата од производство и собирање на лековити и ароматични растенија, со што шумите и шумските подрачја би биле поквалитетно вреднувани. Од продажба на други шумски производи и од дозволи се остварува приход во вкупното работење на претпријатието. Капацитетот на погонот за хидродестилација во подружницата Ш.С.„Малешево“ - Берово, единствен од таков вид во јавното претпријатие, според техничко-технолошките можности се движи од 7.000 до 10.000 кгр. етерични масла, во зависност од суровината која се преработува. Искористувањето на овие производи во минатото се одвивало преку смоларење, како едно од најчестите, но оваа активност економски била неисплатлива, бидејќи борот се уште не бил често застапена култура, па затоа било оценето дека треба да се фаворизира неговото проширување на шумските стебла. Во текот на развојот на претпријатието се изградени повеќе погони заради целосно искористување на другите шумски производи, како што се трушница, погон за хидродестилација и сушара. Во современо изградена трушница се произведува квалитетен генетски семенски материјал од поголем број на шумски видови, капацитетот на трушницата е 250 до 300 тони суровина или 5 до 7 тони семенски материјал. Во погонот за хидродестилација по пат на хидродестилација се добиваат етерични масла од смрека, ајдучка трева позната и како бела рада, од црн бор, бел бор, нане, мајчина душичка, борова смола, камилица и др. Маслата како полупроизводи наоѓаат своја примена во хемиската и фармацевтската индустрија. Во современата сушара се сушат голем број лековити и ароматични растенија, шумски плодови, габи и друго, а се добиваат производи со висок квалитет. Годишниот капацитет на сушарата е од 150 до 200 тони.

Јавното Претпријатие „Национални шуми“ во 2013 година го постави одржливиот систем за користење на други шумски производи и заштита на биодиверзитетот во животната средина, со цел да одговори на обврските и барањата поставени во меѓународните регулативи, но и во домашните законски прописи кои се однесуваат на оваа област. Тоа се законските обврски содржани во “Законот за шуми“, член 72 и “Правилникот за видовите на други шумски производи и начинот на користење и собирање на други шумски производи“, како и “Законот за природа“ и правилниците кои произлегуваат од него.

Во Април 2013 година Управниот Одбор на “Национални шуми“ ги усвои сите потребни законски прописи - Правилници од областа на користење на други шумски производи, и истите се објавени јавно на веб-страницата на “Национални Шуми“ (www.mkdsumi.com.mk). Известени се сите институции и организации, а посебно фирмите-правни лица кои се бават со откуп на други шумски производи.

Според наведените Правилници за други шумски производи, сите физички лица и правни лица-откупувачи мора да бидат регистрирани и имаат годишни „Дозволи за собирање на други шумски производи“ за собирачи, а правните лица – откупувачи се регистрираат преку “Договор за отстапување на собирање и откуп на други шумски производи преку откупни пунктови со надоместок“.

Пријавувањето и регистрацијата се врши во сите 30 Подружници на ЈП “Национални шуми“, каде истовремено се добиваат и детални информации за целокупниот ситем на одржливо користење, негова контрола и законски обврски на сите учесници во оваа област.

Упатство за регистрација на откуп на други шумски производи 

Ценовник за други шумски производи

Календар за собирање на други шумски производи

Календар за собирање на печурки

Правилник за други шумски производи - 1

Правилник за други шумски производи - 2

Упатство за собирачи според принципите за органско производство

Прирачник и монографија за собирање печурки и лишаи

Прирачник за собирачи и откупувачи на самоникнати растенија, габи и лишаи по принципи на органско производство

Прирачник за собирање

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт