,, ДЕН НА ДРВОТО,, - успешна акција за пошумување
На 12.март .2008 година на целата територија на РМ се изведе масовна акција на пошумување подржано со Одлука од Владата на Р Македонија, Македонски шуми и невладиниот сектор под мотото ,, Денот на дрвото,,- засади ја својата иднина на 1.020,40 ха пошуми 2 035.000 садници.
Законска одредба
Согласно Уставот на Република Македонија "сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет добрата во општа употреба, како и предметите и објектите се од особено културно и историско значење, определени со закон и уживаат посебна заштита" т е намалување на светскиот фонд на шуми и шумовити предели е еден од најолемите светски еколошки проблеми.
Врз основа на многубројните општокорисни функции на шумите, Република Македонија шумите ги рангира како дел од националното богатство, односно наследство.
Економската, социјалната и еколошката функција на шумите се од големо значење за одржливиот развој на општеството за подобрување на квалитетот на животот, особено во руралните и планински подрачја.
Јавното претпријатие ,,Македонски шуми,, стопанисува со шумите во државна сопственост во Р.Македонија. Под стопанисување со шумите се подразбира одгледување, заштита и користење на шумите.
Согласно членовите 27,28 и 29 од Законот за шумите (Сл. Весник на РМ бр.47/97,7/2000,89/2004и 54/2007 јавното претпријатие е должно да ги врши одгледните мерки во шума и тоа: пошумување, нега, чистење, прашење, окопување, мелеорации, санирање на опожарени површини и сл., согласно Посебните планови за стопанисување со шуми.
Активности на Македонски шуми за реализација на акцијата,, Денот на дрвото,, засади ја својата иднина
Македонски шуми изготви Акционо Оперативен план - за начинот и изведбата на акцијата пошумување (подготовка на теренот и посадочен материјал) за,,Денот на дрвото,
Од страна на Инспекторатот за шумарство и ловство, при Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство направени се теренски увиди на сите предложени локалитети и Записнички ревидирани од стручните служби на предвидените 60 локалитети на територијата на Р Македонија. Наведените локалитети пошумени се со соодветни дрвни видови согласно биологијата на дрвниот вид. Од страна на стручните служби на Јавното претпријатие по завршената акција на пошумување изработени се ситуации каде се прикажани директните трошоци со комплетна документација со одобрување од страна на инспекторатот и изготвени Записници, согласно пропишаните нормативи за подготовка на почвата (механизирана и рачна со копање на дупки) за пошумување цена на чинење на саден материјал во зависност од дрвниот вид и други направени трошоци.
Акцијата е позитивно прифатена од страна на сите владини и невладини субјекти, при што заклучок е дека ваквите акции треба да се и во иднина организираат.
Меѓутоа, со извршеното пошумување на 12 - ти март , во акцијата "Денот на дрвото", ЈП "Македонски шуми" заврши само дел од обрвските.
Создавањето на здрави и квалитетни шумски култури е сложен и долготраен процес, тој процес започнува со садењето на садниците, а завршува со одгледните мерки т.е со склопувањето на тие култури па и подоцна.
Во првите години од пошумувањето т.е од 1-3 година ќе се преземат следните одгледувачки мерки: плевење, прашење и пополнување.
Плевењето(рачно отстранување на плевелите и коровите) ќе се врши од првата до третата година од пошумувањето со цел да се уништат плевелите и коровите кои се најголем непријател на садниците во првите години од нивниот развој.
Прашењето (окопување на почвата околу садницата) - е најчеста одгледувачка мерка и има задача постојано да ја одржува почвата во поразровкана состојба, да обезбеди што поголем процент на прифаќање и преживување на садниците, да обезбеди поблагопријатен воден и воздушен режим на почвата и уништување на плевелите во шумските култури.
Во нашата практика шумските култури во првата година се прашат 3 пати, во втората година 2 пати и во третата година еднаш односно во првите три години вкупно 6 прашења.
Пополнување - и покрај добрата обработка односно подготовка на почвата при пошумувањето и сите преземени мерки мошне често се случува да дојде до неприфаќање односно сушење на одреден број садници. Пополнувањето ќе се врши една година по извршеното пошумување на оние места каде што садниците не се прифатиле односно исушиле. На тие места во првите три години ќе се врши пополнување т.е садење на нови садници со истите дрвни видови со кои е извршено пошумувањето, за да се добие шумска култура со планираната густина и состав на културата.
Водополевање не се практикува поради тоа, што пошумувањето се врши кога уште не е почната вегетацијата т.е рано напролет, кога има и повеќе врнежи, исто така и наесен кога престанува вегетацијата и кога повторно почнува влажниот период поволен за такви активности.
Водополевање како одгледна мерка за шумски култури не се применува, но во некои пристапни терени доколку навистина има потреба, може да се примени.
Целта на одгледувачките мерки е да обезбедатшто поблагопријатни услови за прифаќање и преживување на насадените садници и развој на културите до нивно склопување. За спроведување на одгледните мерки се потребни дополнителни средства, кои ќе се употребат строго наменски, со цел оваа акција да има успешна завршница-создавање на нови површини под шума
Назад