Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Ден на дрво

Акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ по петти пат

Над 7,5 милиони садници се засадени на околу 100 локации низ Македонија во рамките на петтата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ која првпат има и регионален карактер, а се реализира под слоганот „Растеме заедно“ одржана на 30. март 2010.

Иако симболично, акцијата станува регионална, а на конференцијата за климатски промени во Копенхаген оваа идеја, која беше потикната од Македонија, беше прифатена како регионален проект од земјите од регионот. После катастрофалните пожари кои ги зафатија шумите во Македонија во 2007. година се роди оваа благородна идеја за пошумување на површините која далеку ги надминува границите на она што беше некогаш изгорено и која претставува сериозен потенцијал за иднината, за нашето и за здравјето на идните поколенија и за создавање култура на младите и на останатите луѓе за зачувување на животната средина и нејзино обновување. Акцијатата за садење дрвца стана традиција по која Македонија ќе стане препознатлива во регионот и Европа. Акцијата „Денот на дрвото“ има исклучително значење за имиџот на Македонија во светот бидејќи, се демонстрира висока способност да направиме нешто што не eсамо хумано, туку и еколошки врвно и неопходно во светот.

Регионалните размери на акцијата се манифестираа со заедничкото садење на дрвца на градоначалниците на пограничните општини од Македонија и од соседните земји. Декоративни, листопадни и зимзелени садници на меѓуграничниот простор заеднички садеа припадници на македонските гранични полицајци и цариници и нивните колеги од соседството.

Во досегашните четири акции беа засадени околу осум илјади хектари со 20 милиони садници.
Првата акција беше спроведена на 12 март 2008 година кога беа засадени два милиона дрва. На 28 октомври 2008 година беше организирана и втората со засадување шест милиони садници, на 14 март 2009 беа засадени уште пет милиони дрвца, а на 19 ноември минатата година беа засадени уште 7,5 милиони садници. Јавното претпријатие „Македонски шуми“ од почетокот е поддржувач на оваа акција со обезбедување на стручна помош и садници од чемпрес, јасен и багрем, црн и бел бор за акцијата кои се производ на сопствените расадници. Вработените во ЈП „Македонски шуми“ буквално го оправдаа епитетот "креатори на зеленото" со своето несебично залагање во процесот на озеленување на животната средина кој не започнува со садењето, туку со производството на садници. Со подготовката на терените за засадување, подготовката на теренот и конкретната стручна помош при засадувањето, ја прават акцијата стручно контролирана, а фактот што и понатаму го следат развојот на садниците, вработените во ЈПМШ ги прави одговорни за зелената иднина на нашата држава и планетата Земја.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт