Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Ден на дрво

„ДЕН НА ДРВОТО - Засади ја својата иднина“

Есенското пошумување од акција "Ден на дрвото-Засади ја својата иднина", се одржaна 13. ноември, 2009 година, на целата територија на Република Македонија.

Се засадија 7,5 милиони садници произведени во расадниците на ЈП "Македонски шуми", на локации ширум државата. Покровител на акцијата е Владата на Република Македонија, а ЈП "Македонски шуми" има активно учество во акцијата. Вклучувајќи се во акцијата Ден на дрвото, стручниот тим на ЈП“Македонски шуми” направи избор на садници за пошумување од лисјарски и четинарски дрвни видови произведени по класичен и контејнерски начин во расадниците на ЈП “Македонски шуми” и направи стручна подготовка на теренот за пошумување, со активирање на механизација потребна за непречено одвивање на акцијата, како и обезбедување на стручна помош и логистика при самото пошумување.

Покрај останатите активности стручниот тим, ги определи и локациите за пошумување на територијата на целата држава, со што се постигна целта на позитивно влијание на локално, регионално и глобално ниво. Во пролетното пошумување на 14.март, 2009 година, беа засадени , со зафатеност од околу 60%. Во есенското пошумување масовно излегоа на пошумување граѓаните на Република Македонија, а стручњаците очекуваат поголема зафатеност на садниците што се должи на грижата за засaденото од страна на ЈП "Mакедонски шуми", чии вработени континуирано го следат насаденото. Вклучувањето на експертите во акцијата покажува дека стручноста во водењето на оваа акција е од пресудно значење за нејзиниот успех. А, за есенското пошумување 2009 година моше да се рече дека ќе биде успешно имајќи ги предвид заложбите на сите субјекти-учесници во акцијата. Акцијата е медиумски поддржана и прифатена од сите релевантни учесници во државата. Мотото на есенската Акција на пошумување се одржа под мотото: Придружи се и ти на шумата од раце!

Назад

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт