Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Конференција за печат на директорот на ЈП "Македонски шуми"

На 01.02.2011. година, во просториите на ЈП „Македонски шуми“ ,Директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски одржа Конференција за печат на која на новинарите им ги објасни и аргументира своите ставови во врска со наводите на Антикорупциската комисија и нејзиниот претседател Илми Селами.

Директорот Караџоски денеска на прес-конференција ги отфрли сите наводи на Илми Селами од 27-ми минатиот месец за наводно недомаќинско работење на ЈП„Македонски шуми“.


- Намерата на Антикорупциската комисија да ме дискредитира како личност беше поголема од обврската да ја дознае и објави вистината за моето работење. Селами, кој ги изнесе наводите, се стави во улога на обвинител и судија.

Како аргумент за неговото чесно извршување на работата како прв човек на ЈП Македонски шуми“. Тој посочи дека во 2009 година, откога е на функцијата директор, ЈП „Македонски шуми“ остварило вкупно 1,79 милијарди денари приход и 6,5 милиони денари добивка, а лани, согласно неофицијалната завршна сметка, приходот е 1,76 милијарди денари, додека добивката 15,58 милиони денари.

- Во 2009 и 2010 година целосно, редовно и навреме се измирени обврските за плата, придоенсите и данокот на додадена вредност, без ден задоцнување и блокада на сметката. Истовремено е реализирана и акцијата „Ден на дрвото“ со сопствени средства, нагласи директорот Караџоски.
Во ЈП „Македонски шуми“ токму поради домаќинското работење, нема задолжувања, кредити и заеми, работи ликвидно, а обврските кон добавувачите и надворешните извршители се речиси целосно измирени. репрограмиран е долгот од 1,1 милијарда по однос на ДДВ без камата направен од претходните раководства.
На наводите на Антикорупциската комисија, декаЈП „Македонски шуми“ во 2010 година потрошило околу 11.500 евра за угостителски услуги, Директорот Караџоски, рече  дека лани се реализирани само 15 отсто од вкупно предвидените трошоци, 4,87 милиони денари, за угостителски услуги, промоција, пропаганда, реклама, репрезентација и спонзорство, а дали овие трошоци се високи или не, може да се констатира со увид во производствено - финансискиот план за 2010., во реализираните приходи и расходи и во извештајот за материјалното работење, како и со споредбена анализа на извештаите за расходите во претходните години со акцент на овој вид трошоци.
На констатацијата на ДКСК околу наводните фиктивни фактури бесправното прибавување на лична корист , директорот ги отфрли, како и тврдењето дека се потрошени високи средстав за репрезентација.
На  наводот што го изнесе Селами дека директорот на „Македонски шуми“ и неговиот возач примале надомест за одвоен живот, а било пресметано и исплатено за патни трошоци како да е користено приватно возило.”Најодговорно тврдам дека во „Македонски шуми“ уште пред да стапат на сила владините антикризни мерки, не се исплаќаат никакви надоместоци по основ на патен налог, освен трошоците за патарина”-рече директорот Жарко Караџоски.

На конференцијата за печат, на новинарите им беше доставено следното соопштение за печат.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт