Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Акциониот План за соработка на Австрија и Македонија

Во „Акциониот План за соработка на Австрија и Македонија “ потпишан на 12 Февруари 2016 година  помеѓу Министрите за Надворешни Работи  г. Себастиан Курц и г. Никола Попоски, развојот на шумарството е наведено како значајно поле за идна соработка помеѓу Австрија и Република Македонија.

Во согласниост со „Акциониот План“, ЈП „Македонски шуми“ со полна подршка од  Австриската Амбасада  организира експертска мисија од 14 до 16 Февруари 2016 година, со цел да се идентификуваат можните полиња за идна соработка.

Преставници на двете најзначајни  Институции од областа на шумарството во  Австрија, беа на мисија за идентификација на идната соработка. Тоа се :

-          г. Ингвалд Гешвалд – Директор на Секторот за шумска политика и Информации од Федералното Министерство за земјоделство, Шумарство, Екологија и Водостопанство, и

-           г. Питер Мајер, Директор на Федералниот Центар за Истражување и тренинг во Шумарството, природни катастрофи и пејсаж.

Идните области на соработка ќе бидат:

-          Градење модерна структура на  менаџмент во ЈП Македонски шуми,  подготвена за имплементација на Одржливо управување во шумарството

-          Подготовка и анализа на капацитетите за Шумска Инвентаризација во Македонија

-          Практична едукација и тренинг за шумските работници во Македонски шуми

-          Подготовка на Стратегија за користење на шумска биомаса  како Обновлив Извор на Енергија,

-          Еколошка заштита на шумите во Македонија 

Оваа активност заврши со заедничка прес конференција пред преставниците на македонските медиуми, кои добија поопширни информации за престојните активности кои заеднички ќе бидат поставени како проекти за развој на шумарството во Република Македонија во наредните години. На пресот со свои излагања се обратија г. Жарко Караџоски – Генерален Директор на ЈП Македоснки шуми, г-ѓа Габриеле Јанезич – генерален Конзул во Амбасадата на Австрија, и експертите по шумарство, директорите   г. Ингвалд Гешвалд и г. Питер Мајер. 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт