Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Почнува кампањата „Лето без пожари“

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП„Македонски Шуми“, Шумската Полиција и АД „Горска Вода“ на платото пред Жичарата на Средно Водно, започна со реализација на традиционалната превентивна кампањата - „Лето без пожари“.

Основна цел на кампањата е заштита и зачувување на зелените шумски површини, земјоделското земјиште, ливадите и пасиштата од пожари, во текот на летниот период, преку подигање на свеста на граѓаните за ризиците од појава на пожари и штетите од истите и на тој начин зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

Активностите се реализираа  на тој начин што од страна на полициски службеници, на претходно избрана локација, се пристапуваше кон укажување на граѓаните за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на истиот. По краткото укажување во однос на совесно однесување и почитување на позитивната законска регулатива, на граѓаните бише поделен и соодветен пропаганден материјал, со цел создавање на однос кон полицијата како кон субјект кој делува во насока на заштита и помош.

-         Во 2014г. на површините со кои стопанисува ЈП “Македонски шуми” – Скопје, биле активни вкупно 94 пожари споредбено со 2015г. истиот период кога биле активни 33 пожари. Во 2014г. најголем број пожари се евидентирани на површини под шуми и тоа во охридскиот и полошкиот регион (Галичица – Охрид и Шар – Гостивар) каде се бележи појава на 43 пожари. (Охрид-21 и Гостивар-21). Во 2015год.  регистрирана е појава на 5 пожари во охридскиот регион и 3 во полошкиот регион.

-         Вкупно опожарена дрвна маса која е евидентирана до 30.06.2014г. изнесува 19.062м³ на површина од 685ха, споредбено со 2015г. истиот период евидентирана опожарена дрвна маса изнесува 4.200м³ на површина од 187ха. 

-         Од вкупно 94 пожари во 2014г. (до 30.06.2014г.) во 50 не е евидентирана изгорена дрвна маса односно опожарена е тревна вегетација и пасишта, додека пак во 2015г. од вкупно 33 евидентирани пожари во 26 пожари не е опожарена дрвна маса односно во истите е опожарена тревна вегетација и пасишта.

-         Вкупно проценета штета од настанати шумски пожари во период до 30.06.2014г. изнесува 24.427.000ден. споредбено со истиот период во 2015г. каде е проценета штета од 5.636.629ден.

-         Заклучно со 30.06.2014г. најмногу штета на шумскиот фонд е нанесен во струмичкиот регион (Беласица-Струмица) каде што е опожарена дрвна маса во количина од 16.000 м³ во настанати два големи шумски пожари споредбено со истиот период 2015г. каде најголема штета се бележи во радовишкиот регион (Плачковица-Радовиш) каде е опожарена дрвна маса во количина од 3.750м³.

Назад

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт