Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

22.април-ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Денот на Планетата Земја за првпат е одбележен на 22.април 1970 година во САД. Оваа дата е прифатена како Ден на планета Земја на Конференција та на Ообединетите нации за шивотна средина во 1992 година во Рио дe Жанеиро.

Меѓународниот ден на планетата Земја на 22. Април секоја година се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, со цел да се сврти вниманието на јавноста на зачењето на зачувување на шивотната средина и да доведат допромена на еколошката свест.

Зголемувањето на бројот на населението на Земјата и забрзаната индустијализација доведуваат до загадување на воздухот, почвата и водата. Последите стотина години планетата земја доживува поголемо загадување од милиони години наназад. Неодговорното однесување на човекот доведе до климатски прмени, до појава на ефект на стаклена градина, до глобално затоплување, до исчезнување на многу растителни и животински видови од лицето на Земјата.

Еколошките проблеми на нашата планета се многу поголеми отколку пред 41 година кога е започнато одбележувањето на овој ден. Доколку човекот не обрне доволно внимание на зачувувањето и заштитата на животната средина и одрливиот развој, доколку продолжи со неодговорното однесување, ќе дојде во ситуација да се затрупа и загуши во сопственото ѓубре. Од една страна се поголеми количини на отпад во животната средина а од друга страна нерационалното користење на природните ресурси, се закана за човечкиот род и негово самоуништување. Токму затоа Денот на планетата Земја се посветува на следниве активности:

·         создавање на услови за одржлив развој

·         зачувување на биолошката разновидност

·         штедливо користење на природните ресурси

·         користење на обновливи видови енергија

·         правилно складирање на отпадот и користење на секундарните суровини со рециклирање

·         активна борба против сите фактори кои имаат штетно влијание на климатските промени

Секако дека активностите од овој вид не се доволни само на меѓународно одбележаните денови за заштита на планетата. Неопходно е секојдневно залагање на начелата на плавилно и рационално користење на природните ресурси и доведување на одговорноста на микро ниво како одговорност на секој од нас кон нашето единствено место за живеење.

Денот на планетата Земја претствува можност секој жител на планетата да размисли за своето однесување спрема Земјата и да придонесе да биде почиста и поубава. Само здрава и чиста животна средина може да ни овозможи квалитетен живот. Со заеднички сили треба да се работи на подигање на свеста за потребата за заштита на животната средина и одговорно однесување на секој поединец.

Назад

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт