ЈП”МАКЕДОНСКИ ШУМИ’ - СКОПЈЕ ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС 2015
Се повикуваат сите заинтересирани коминтенти (купувачи) на огревно и техничко дрво да се пријават на повикот во ЈП”Македонски шуми”. Јавното претпријатие на најтранспарентен начин отпочнува со склучување на купопродажни договори со сите заинтересирани субјекти кои ќе се пријават на овој повик и кои ги исполнуваат условите од повикот, прописите и критериуми донесени од претпријатието.
Субјектите кои се заинтересирани за склучување на купопродажни договори за 2015 година и кои ги исполнуваат критериумите можат да поднесат “БАРАЊЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ГОДИШНИ КУПОПРОДАЖНИ ДОГОВОРИ” најдоцна до 31.12.2014.
Обрзецот на барањата може да се подигне во Дирекцијата, Подружниците на Јавното претпријатие и на веб сајтот www.mkdsumi.com.mk.
Во прилог на барањето за техничко дрво треба да се достави:
· Тековна состојба од правното лице од Централен регистар не постара од 6 месеци
· ДРД обрзаец од Централен регистар
· Заверен образец за последен исплатен личен доход по број на вработени
Во прилог на барањето за огревно дрво треба да се достави:
- Документ дека правното лице има регистриран склад за продажба на дрвни сортименти
- Тековна состојба на правното лице од Централен регистар не постара од 6 месеци
- ДРД образец од Централен регистар
- Заверен образец за последен исплатен личен доход
- Изјава дека купувачот во иднина ќе постапи согласно Законот за Шуми, после преодниот рок да достави Решение за регистриран складза прометна дрва и дрвни сортименти издаден од МЗШВ.
- Доказ на купувачот дека во нивните складови имаат инсталирано линија за дрвни производи (дрво за преработка) и огревно дрво, имаат купувачи кои во своите преработувачки капацитети имаат инсталирано линија за дрвни плочи, иверици, пелети, брикети и конфекциониран цепен огрев (палетиран, пакуван во вреќи или кутии).
Барањето со наведените документи треба да се достави по пошта во Дирекцијата на ЈП”Македонски шуми” ул.Перо Наков бр.128 Скопје или на е-mail kostadinka.sokolovska@mkdsumi.com.mk; spasen.mihajlovski@mkdsumi.com.mk;
НАЧИНИ И УСЛОВИ ЗА ПРОДАЖБА:
Дрвните сортименти ќе се продаваат со:
1. Рамковни договори со годишен договор
2. Годишен договор без рамковен договор
3. Продажба на благајна – малопродажба
4. Наддавање
РАМКОВНИ ДОГОВОРИ со годишни договори
Рамковните договори можат да се склучуваат на време од 10 години, независно од времето на склучување и тоа за количини до 70% од планираните годишни количини на производство на трупци, огревно дрво и биомаса.
- Право на рамковен договор имаат купувачи кои имаат пилана или повеќе годишен закуп на пилана (тогаш таа пилана нема да добие договор). Препродажба на трупци не е дозволена, освен после искористеното право на првокупување од ЈПМШ, по куповна цена од ЈПМШ. Правните субјекти или поврзани правни субјекти во мнозинска сопственост на едно лице или поврзани лица се сметаат како еден субјект.
- Право на рамковен договор за купување на нестандардни дрвни производи (дрво за чипс - биомаса за зелена енергија) имаат купувачи кои во своите капацитети произведуваат зелена енергија (електична енергија и/или топлинска енергија).
- Право на рамковен договор за купување на огревно дрво и дрво за производство на дрвни производи (дрво за преработка) имаат купувачи кои во своите капацитети произведуваат зелена енергија (електична енергија и/или топлинска енергија) на кои при процесот на согорувањето на дрвото имаат висок процентот на искористеност на произведената енергија, минимум 60%.
- Право на рамковен договор за купување на дрвни сортименти, дрво за производство на дрвни производи (дрво за преработка) и огревно дрво имаат купувачи кои во своите преработувачки капацитети имаат инсталирани линии за дрвени плочи, иверици, пелети, брикети, конфекциониран цепен огрев (палетиран, пакуван во вреќи и кутии) и производство на дрвен јаглен.
- Право на рамковен договор за купување на огревно дрво за конфекциониран огрев имаат правните субјекти кои ги исполнуваат одредбите согласно Законот за шумите.
Доколку постојат долгови, ќе се потпише рамковен договор по подмирување на сите доспеани обврски, но не покасно од предвидениот рок за склучување на рамковни договори.
Секој правен субјект склучува рамковен договор поединечно, може да склучи само еден рамковен договор. Рок на склучување на рамковните договори од 15 до 31 декември.
Врз основа на рамковен договор, ќе се склучуваат годишни договори, во кои ќе се определат цената и количината на сортиментите на годишно ниво за секој купувач посебно.
Барана количина во годишниот договор за следна година по индивидуален купувач не можат да бидат поголеми за повеќе од 10 % од купени или договорени сортименти во тековната година, но не поголеми од 10.000 м3 по купувач.
ГОДИШЕН ДОГОВОР (на основ на рамковен договор)
ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕХНИЧКО ДРВО
Врз основа на рамковен договор се поднесува барање за склучување на годишен договор. Барањата за склучување на годишен договор ќе се примаат до 31 декември во тековната за наредната година. Во Барањето да се наведат количините, видот на дрво, квалитетни класи според потребите, и намената за што производи ќе се користат трупците (фурнир, лупење, пилење, амбалажа и др.). Продажбата на техничкото дрво ќе се реализира:
- Со склучување на годишни купопродажни договори за количини над 1000 м3, со авансно плаќање на целата вредност за вкупната количина од договорот, или со плаќање врз основа на утврдена месечна динамика за плаќање и испорака, или со плаќање на еднакви месечни рати (максимум 6 рати). Рок на склучување од 01 до15 јануари.
- Со склучување на купопродажни договори на помали количини до 1000 м3, но непомали од 300 м3, со авансна уплата или врз основа на утврдена месечна динамика за плаќање и испорака не поголема од 3 месеци. Рок на склучување по 15 јануари.
- Со склучување на купопродажни договори на количини над 1000м3, со рок на плаќање до 30 дена од денот на превземањето на робата, со учество при склучување на договорот во висина од 20% од вкупната вредност на договорот и обезбедена банкарска гаранција која ја покрива вредноста во договорот на 80%.
При продажба на техничко дрво под точка 3 не смее да се испорачува роба, ако не се платени доспеаните износи, не смее да се испорачува роба со поголема вредност од банкарската гаранција.
Банкарската гаранција треба да биде со важност од еден месец повеќе од важноста на договорот.
Рок на склучување по 15 јануари.
- Со склучување на купопродажни договори на количини над 1000 м3, со рок на плаќање од 30 дена од денот на превземањето на робата, со учество при склучување на договорот во висина од 20% од вкупната вредност на договорот и да обезбеди хипотека на имот од прв ред со вредност 1:1,5 од вкупната вредноста на договорот. Ако не се платени доспеаните износи, не смее да се испорачува роба.
ЗА ПРОДАЖБА НА ДРВНИ СОРТИМЕНТИ, ДРВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО
НА ДРВНИ ПРОИЗВОДИ (ДРВО ЗА ПРЕРАБОТКА) НА ПРАВНИ ЛИЦА
1. Со склучување на годишни купопродажни договори за количини над 5.000 м3, со авансно плаќање на 20% од вредноста на вкупната количина од договорот, а остатокот на 4 еднакви рати.
2. Со склучување на годишни купопродажни договори за количини над 1.000 м3, со авансно плаќање на вредноста на вкупната количина од договорот.
ГОДИШЕН ДОГОВОР (без рамковен договор)
ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕХНИЧКО ДРВО
- Право на годишен договор без рамковен договор имаат сите купувачи (долгогодишни и нови купувачи), со поднесено барање за купување на дрвна маса за количини на годишни потреби најкасно до 31 декември:
- Нови купувачи се сите оние купувачи кои немале договор со ЈПМШ две години пред поднесување на барањето.
- Предност за склучување на годишен договор имаат правните лица кои се долгогодишни партнери на ЈП ″Македонски Шуми″ и немаат неподмирени долгови и не се наогаат на црна листа.
- Количините на техничко дрво за годишните договори, се количини кои се останати по склучување на годишните договори со рамковен договор, а ќе се распределуваат пропорционално за сите купувачи според бројот на вработени, но не повеќе од 200м3 бука и 250м3 од иглолисни видови по вработен работник кој работи во производниот погон за преработка на дрво.
- Рок на склучување на годишните договори е после 15 јануари. Плаќањето на догорените количини ќе биде авансно, согласно утврдена месечна динамика за испорака на количините согласно договорот.
ЗА ПРОДАЖНА НА ОГРЕВНО ДРВО
ГОДИШНИ ДОГОВОРИ ЗА ПРОДАЖБА НА ОГРЕВНО ДРВО НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, ИНВАЛИДИ НА ТРУДОТ И СИНДИКАТИ НА ПРАВНИ ЛИЦА
- Купопродажните договори за огревно дрво со здруженија на пензионери, инвалиди на трудот ќе се склучуваат со плаќање на рати, со рабат од 2%, така што последната рата да не биде подоцна од месец октомври во годината за која важи договорот.
- За купопродажните договори со други здруженија и синдикати на правни лица рабатот од 2% нема да се применува.
- Испораката ќе се врши согласно висината на уплатените средства, до износот на предвидените количини во договорот.
ПРОДАЖБА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
· Продажба на огревно дрво за физички лица може да се врши најмногу на 6 (шест) рати, за што одлука ќе донесе Директорот на ЈП, по претходно барање од страна на ПШС. Право на склучување на договори ќе имаат подружниците во кои се целосно подмирени обврските од изминатите години согласно договорите за физички лица и обврските од сите физички лица кои купиле огревно дрво за домаќинството.
· За Социјално ранливите категории на граѓани (социјални случаи, лицата со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители и стечајни работници) и семејствата на бранителите, на вработени кои останале инвалиди на трудот и вработени кои загинале при работа, кои ќе купат огревно дрво во готово им следува попуст од 10%.
· Социјално ранливите категории на граѓани (социјални случаи, лицата со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители и стечајни работници) и семејствата на бранителите можат да купуваат огревно дрво на 8 (осум) и повеќе рати без попуст.
Испораката на огревното дрво до домаќинставта за социјално ранливите категории на граѓани и семејствата на бранителите е од ЈП ″Македонски Шуми″.
Статусот на ранливите категории, се докажува со потврда од надлежната институција.
За подетални информации заинтересираните можат да се јават во дирекцијата на ЈП”Македонски шуми” – Скопје, Сектор за комерцијални работи на тел.02/2581-080 локал-125; 02/2580-932.