Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Потпишан првиот Рамковен договор на ЈП Македонски шуми со странска фирма

Компанијата „ Еуро Њујорк Ма-Воод“ во сопственост на турскиот државјанин Халил Ибрахим Кучукдевеџи од Истанбул ќе отвори фабрика во Македонија за преработка на техничко дрво, а финалниот производ ќе го извезува на европските пазари. 

Потпишан е првиот Рамковен договор во траење од 10 години и Меморандум за меѓусебна соработка меѓу ЈП Македонски шуми, од една и турската фирма „ Еуро Њујорк Ма-Воод“-доо   со седиште во Гостивар.

Договорот го потпишаа генералниот директор на ЈП Македонски шуми, г-дин Жарко Караџоски и г-дин Халил Ибрахим Кучукдевеџи од Истанбул управител на фирмата од Р. Турција, на 24.11.2014 година во просториите на ЈП Македонски шуми.

“Чест ми е да објавам дека денес го потпишуваме првиот договор со странски инвеститор во Р. Македонија, како јавно претпријатие-рече на почетокот генералниот директор на ЈП Македонски шуми, г-дин Жарко Караџоски и тоа врз основа на измените на Законот за шуми, со кои се овозможува потпишување на меѓународни договори со странски фирми, а се надевам дека и во иднина ќе има уште многу вакви и слични договори. Ова е прв таков договор на ЈП„ Македонски шуми“ каде што предвидуваме со партнерот од Турција да соработуваме во рамките на нашето производство особено на техничкото дрво каде што на годишно ниво ние како ЈП„ Македонски шуми“ годишно се обврзуваме да му испорачуваме 25.000 метри кубни техничко дрво од сите видови и тоа да го гарантираме секоја година за што ќе склучуваме годишни договори, изјави директорот на ЈП„ Македонски шуми, Жарко Караџоски. Станува збор за два документи, едниот е Меморандум за меѓусебна соработка, а другиот Рамковен договор во треање од 10 години , со годишна динамика од 25 000м3 техничко дрво од сите видови.

Директорот Караџоски нагласи дека ЈП„ Македонски шуми“ се обврзува на турската компанија  ќе и отстапи дел од своите деловни објекти-пилани кои што на некој начин се руинирани.

 

 

Старите заостанати пилани кои не се во функција ќе се рестартираат и прераснат во модерна фабрика која што ќе биде на минимум 50000 квадратни метри простор која ќе донесе нови машини и ќе извезува на европските пазари.

Турскиот бизнисмен Халил Ибрахим Кучукдевеџи, управител на “Еуро Њујорк МА-Воод“ рече дека планира првата година да инвестира околу 2 милиони евра, додека веќе во наредните години инвестицијата ќе се зголеми.

Тој истакна дека очекува да биде прифатен како инвеститор и најави дека постојат можости да се зголеми побарувачката за техничко дрво веќе од наредната година, а и бројот на вработени ќе се зголемува. Кучукдевеџи потенцираше дека покрај тоа што ќе се обидат да го зголемат производството ќе се заложат и за обновување на природното дрво, односно ќе биде запазен еколошкоит аспект на производство.

“Се надеваме  дека ова е почеток на една долгорочна, плодна и успешна соработка со турската фирма која ќе инвестира во шумарството во Р.Македонија, од една страна и почеток на нова ера во работењето на ЈП Македонски шуми, со привлекување на странски инвестиции на сите полиња”- заклучи директорот Караџоски.

(видео)

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт