Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

21.март – Меѓународен ден на шумите

 

 

 

Генерално собрание на Обединетите нации ја прогласи 2011 година за Меѓународна година на шумите, со што се укажува на значењето на одржливото стопанисување, зачувување и одржливиот развој на сите видови шуми.

21.март – Меѓународен ден на шумите

 

 

Генерално собрание на Обединетите нации ја прогласи 2011 година за Меѓународна година на шумите, со што се укажува на значењето на одржливото стопанисување, зачувување и одржливиот развој на сите видови шуми.

Идејата за одбележување на Светскиот ден на шумите е промовирана на 23-тата седница на Генералното собрание на Европската конференција за храна и земјоделство во 1971 година, па така 21. март се слави и одбележува како Светски ден на шумите.

Светскиот ден на шумите се одбележува со цел да се промовира свеста за значењето и вредноста на шумскиот покривач. Овој ден, ширум светот се одбележува со едукативни акции за заштитата на шумите, производство на садници, пошумување на голини и рекреација во шума. Со цел да го истакне значењето на шумите и екосистемот, како и влијанието на опстанокот на човештвото, Генералното собрание на Европската конференција за храна и земјоделство, го одбра денот на пролетната рамнодневица на јужната Земјина хемисфера, односно денот на есенската рамнодневица на 21. март за Ден на шумите. Шумите како екосистем, после пустините се најзастапени копнени екосистеми на Планетата Земја. Заземаат 28% од површината на Земјата, односно околу 4 милијарди хектари и по своите содржини се разликуваат од другите екосистеми. Шумите гледајќи од аспект на актуелните климатски промени, претставуваат најголема фабрика за кислород, неопходен за живиот свет на Земјата. Претставуваат извор на храна и суровини на голем дел од жителите на Земјата, поволно влијаат на климата, режимот на водотеците и ја штитат земјата од ерозија. Во последно време се зема предвид и социјалната улога на шумите, нејзините општокорисни функции и важноста по здравјето на луѓето. Токму затоа овој ден треба да биде врежан во свеста на луѓето за заштитата на шумите како добро од општествено значење. Но за жал, има и несовесни, па со непланско и диво сечење на шумите се нарушува рамнотежата во природата. Според проценката на стручњаците, од површината на земјата, годишно, исчезнува околу 16 милиони хектари, што се должи на постојано расчистување на шумите за создавање на слободен простор за нови населби и земјоделски површини, фабрики и сообраќајници. Со уништувањето на шумите настануваат еколошки промени со големи последици, пред се климатски промени, промени на земјиштето и климата и исчезнување на некои видови животни. Свесни за ова, некои побогати земји ги намалуваат овие последици со воведување на концепт за одржливо стопанисување со шумите, со намалување на непланските сечи, зголемување на степенот на шумовитост и други мерки во согласност со постојните ресурси и потенцијали. И во Република Македонија на разни нивоа се одбележува 21.март, Денот на шумите, пред се за подигање на свеста на граѓаните за шумите како бели дробови на Планетата Земја.

Назад

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт