Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Оглас

 Оглас за јавно наддавање за продажба на основни средства како старо железо

Врз основа на член 58 од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, согласно Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Македонски шуми“-п.о.-Скопје, бр.02-827/1 од 25.07.2012 год. јавното претпријатие објавува:

 

 

  О Г Л А С

за јавно наддавање за продажба на основни средства како старо железо

 

Предмет на јавното наддавање:

Основни средства-расходувани транспортни средства од повеќе подружници, како старо железо.

Почетната цена за јавното наддавње за старо железо изнесува:

- Старо железо од III класа 8,00 ден/кг, без пресметан ДДВ.

- Старо железо од I класа 11,00 ден/кг, без пресметан ДДВ.

Во цената не се вклучени транспортот и сечењето(касација).

Тежината на откупеното старо железо од различните квалитети ќе бидат утврдени со мерење и документирани со кантарски белешки.

Основните средства предмет на јавното наддавање можат да се видат секој ден од  10,00 часот до 14,00 часот во подружниците каде се наоѓаат и тоа:

 

1.    ПШС „Равна Река“-Пехчево

-       Патничко моторно возило марка „Лада Самара“, хаварисано III класа  и

-       Работна машина „СКИП“, хаварисано I класа

2.    ПШС „Осогово“-Кочани

-       Теренско возило „УАЗ“, хаварисано III класа  

-       Работна машина Трактор „ИМТ 579“, хаварисано I класа

3.    ПШС „Плачковица“-Виница

-       Товарно возило „ФАП-13“, хаварисано без мотор, преден праг и диференцијал, I класа

-       Автобус „ТАМ- A8 F4LA13 FR“, хаварисано со прекршена шасија, III класа

-       Автобус „ТАМ- A8 F4LA13 FR“, хаварисано со прекршена шасија, III класа

-       Дигалка „ЛИВ“, хаварисана со скршен кран и телескоп,  I класа 

-       Товарно возило „ЗАСТАВА“, хаварисано, I класа 

-       Моторна пила „STIHL“, тип СЕА, хаварисана

4.    ПШС „Серта“-Штип

-       Работна машина „TG-50“, хаварисана без мотор, менувач и без гусеници I класа 

-       Товарно возило „JELC“, хаварисано, само кабина и шасија без мотор, менувач и преден трап I класа    

-       Патничко возило „RENO 4“. тип лимузина, хаварисано, останата само школка III класа    

5.    ПШС „Беласица“-Струмица

-       Патничко возило ТАМ-2001, III класа    

-       Патничко возило ТАМ-2001, III класа    

-       Патничко возило ТАМ 89 MFS, III класа  

-       Патничко возило ТАМ 60А5, III класа    

-       Теренско возило Лада - Нива, III класа    

6.    ПШС „Бор“-Кавадарци

-       Пловно средство Чамец метален, хаварисан III класа  , 

-       Работна машина - тип Бонсек, марка  CENTRURO, некомплетен, I класа

-       Полуприколка, марка „ГОША-ГОРИЦА“, од хаварисано возило КАМАЗ  I класа

-       Полуприколка, марка „ГОША-ГОРИЦА“ - од хаварисано возило ЈЕЛЧ, I класа

-       Работна машина компресор „FAGRAM“, тип KOV-3, хаварисано,   I класа

-       Работна машина утоварач „RD-180“, хаварисано, останата е само шасија I класа

-       Хидраулична дигалка „LIV-90N“, скршен продолжен кран и цилиндер, I класа 

-       Работна машина - Мотокултиватор, хаварисано I класа

-       Товарно возило „КАМАЗ“- влекач, I класа 

-       Товарно возило - ЈЕЛЧ, I класа 

-       Моторна пила - „HUSQVARNA“- 8 броја, III класа  

7.    ПШС „Црн Бор“- Прилеп

-       Товарно возило „FAP“ - 15, без кабина, мотор и дел од шасија, I класа

-       Товарно возило „FAP“ - 15-16, неисправно, I класа

-       Товарно возило „FAP“ - 15-16, неисправен, I класа

-       Товарно возило „FAP“ - 15,  неисправен, I класа

-       Товарно возило „FAP“ - 13-14, фургон, неисправен без мотор, I класа 

-       Товарно возило „FAP“ - 13,  кипер, без мотор, I класа 

-       Товарно возило „FAP“ - 13,  неисправен, без мотор, заден трап и предница, I класа 

-       Превозно средство „FAP“ - Автобус, неисправен,  III класа,

-       Товарно возило „ZASTAVA“-650 AD, неисправен,   III класа

-       Превозно средство „ТАМ“ - 110А8, автобус, неисправен, III класа

-       Превозно средство „DUBRAVA“-D-19016, автобус, неисправен,  III класа

-       Патничко возило „MERCEDES 190-D“, неисправен III класа,

8.    ПШС „Бигла“-Демир Хисар

-       Теренско возило „Лада - Нива“-1600, хаварисана, III класа 

-       Теренско возило „Лада - Нива“-1600, хаварисана, I класа

-       Работна машина утоварач „ULT“-150, хаварисано, I класа 

9.    ПШС „Липа“-Крушево

-       Патничко возило Лада - 1300, хаварисано, само школка, III класа 

10. ПШС „Преспадрво“-Ресен

-       Работна машина покретен клипен Компресор, хаварисан

-       Теренско возило Лада Нива,  хаварисано без мотор III класа      

11. ПШС „Галичица“-Охрид

-       Камп приколки, два броја, хаварисани

-       Патничко возило „ZASTAVA-850“, хаварисано, III класа 

-       Теренско возило Лада Нива - 1600, само предниот дел од школката, III класа 

-       Теренско возило Лада Нива - 1600, - бела, школка без кров,  III класа 

-       Шасија од „FAP 16-20“, I класа 

-       Шасија од „RABA“ , I класа 

12. ПШС „Стогово“-Дебар

-       Товарно возило „FAP 13“, кипер, хаварисано, I класа  

-       Теренско возило Лада Нива - 1600, хаварисано, III класа 

13. ПШС „Лопушник“-Кичево

-       Товарно возило „FAP 13-14“, кабина, шасија и блок од мотор, I класа 

-       Товарно возило „FAP 13-14“, кабина, шасија и дел од мотор – блок, I класа 

-       Товарно возило „FAP 1314“, кабина, шасија и дел од мотор – блок, I класа 

-       Товарно возило „FAP 1314“, неисправен,  I класа   

-       Товарно возило „FAP 1314“, неисправен,  I класа 

-       Работна машина трактор „ZETOR-5748“, хаварисано, I класа 

-       Патничко возило „ТАМ - 80А6“,  неисправно, III класа

14. ПШС „Сандански“-Македонски Брод

-       Товарно возило „FAP 13-14“, без мотор, без менувач и без диференцијал, I класа

-       Товарно возило „FAP 14-14 К“, дел од шасија и кабина, I класа 

-       Товарно возило „FAP 15-16“ I класа    

-       Хидраулична дигалка „LIV“, хаварисана, I класа 

-       Теренско возило „УАЗ“,хаварисано, III класа

-       Лафетна бушилица - „HGV“,I класа 

-       Работна машина, зглобен трактор „LKT-81“, без мотор и без витло, I класа 

-       Работна машина „SKIP-BN 79“, некомплетен,  I класа 

-       Теренско возило Лада-Нива,  без редуктор, III класа

-       Агрегат за струја, мобилен, хаварисан

15. ПШС „Лешница“-Тетово

-       Теренско возило „УАЗ“,  тип 31512 само шасија, III класа

-       Теренско возило „УАЗ“, тип 31512,  неисправено, III класа

-       Теренско возило Лада-Нива,  неисправна, III класа

-       Теренско возило „NISAN-SWB -PATROL 2.8 турбо,  неисправен, III класа

-       Товарно возило „ZASTAVA-650 AD“, I класа

16. ПШС „Кајмакчалан“-Битола

-       Трактор IMT-539, само задниот дел на тракторот без мотор и рпеден трап, I класа 

-       Патничко возило Лада - 1200, хаварисано, III класа

-       Хидраулична дигалка Д-90, само делови од дигалката

-       Превозно средство-автобус SANOS-14, III класа

 

Продажбата е делива и ќе се изврши по пат на јавно наддавање-лицитација, која ќе се одржи по региони и тоа:

Регион 1:  Основните средства од подружниците: „Равна Река„-Пехчево, „Осогово„-Кочани, „Плачковица„-Виница, „Серта„-Штип и ПШС „Беласица-Струмица ке се одржи во просториите на подружницата „Осогово„-Кочани на ден 28.01.2014 година,  со почеток во 11,oo часот.

Регион  2:    Основните средства од подружниците: „Бор„-Кавадарци, „Црн Бор„-Прилеп, „Бигла„-Демир Хисар, „Липа„-Крушево, Преспадрво„-Ресен и ПШС „Кајмакчалан„-Битола ке се одржи во просториите на подружницата „Црн Бор„-Прилеп на ден 29.01.2014 година, со почеток во 11,oo часот.

Регион 3:   Основните средства од подружниците: „Галичица„-Охрид, „Стогово„-Дебар, „Лопушник„-Кичево,  „Сандански„-Македонски Брод и ПШС „Лешница„-Тетово ке се одржи во просториите на подружницата„Лопушник„-Кичево на ден 30.01.2014 година со почеток во 11,00 часот.

 

 

Право на учество на јавното наддавање имаат домашни и странски правни лица.

За учество на јавното наддавање потребно е да се уплати 20 % од вредноста за количина која планира да ја наддава, на жиро сметката на ЈП „Македонски шуми“-п.о.-Скопје, бр.200000026783244, депонент Стопанска банка АД Скопје, девизна сметка IBAN: MK0720000062493184 SWIFT CODE STOBMK2X, ID:1061267 во вид на депозит за учество на јавно наддавање, најкасно до денот на наддавањето.

 

Правните лица кои ќе учествуваат на огласот со себе треба да ја имаат следната документација:

 

-       Извод од трговскиот регистар тековна состојба не постар од 30 дена;

-       Доказ за уплатен депозит;

-       Лична карта на управителот односно заверено полномошно доколку учесник во јавното наддавање не е управителот на правното лице;

-       Дозвола за складирање, третман и преработка на отпад, издадена од надлежното министерство. 

 

Јавното наддавање се спроведува на начин при што учесниците на јавното наддавање ја наддаваат почетната цена утврдена во Огласот за јавно наддавање.

За најповолен ќе се смета понудувачот кој ќе даде највисока цена за 1 килограм железо, и со него ќе се склучи Договор за продажба.

Доколку некој понудувач даде понуда за купување на сите основни средства во подружницата со најмалку понудена почетна цена за 1 кг. Железо, истиот има право на првенствено купување.

На останатите учесници кои немале највисока понуда платениот депозит им се враќа.

Доколку најповолниот понудувач во рок од осум дена од известувањето не се јави заради склучување на договор за продажба на наддаденото основно средства тогаш истото ќе му се продаде на второрангираниот понудувач доколку ја понудил најмалку почетната цена на огласот.

Доколку како понудувач се јави едно лице, договорот за продажба на основни средства ќе се склучи со него доколку ја понудил најмалку почетната цена на наддавањето.

Продажбата на основните средства се врши видено-купено, со мерење и утврдување на тежината на средството..

Плаќањето на купопродажната цена ќе биде во рок од 30 дена од денот на потпишувањето на договорот, но најкасно пред подигање на наддаденото основно средство.

Сите други права и обврски помеѓу продавачот и купувачот ќе бидат регулирани со посебен договор.

 

Лице за контакт: Марена А.Сечкова  тел.бр. 070-322-292

Гоце Цветановски тел.бр. 070 207 573

 

                                                      ЈП”Македонски шуми”-п.о Скопје

                                                                            Директор

                                                         дипл.прав. Жарко Караџоски

 

Назад

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт