Одржана Прес – конференцијаБоранка станува Боренка
На 20 април 2023 година во 11:00 часот во Младински центар „Матично“ се одржа Прес – конференција на тема меѓународната соработка преку вмрежување на граѓански организации и експерти во областа на заштитата на животната средина, климатските промени и зајакнувањето на социјалното влијание, со што официјално е започната меѓународната соработка Боранка станува Боренка.
Во текот на тридневната агенда, освен средбата во Хрватската амбасада и во Дирекцијата на ЈП Национални шуми беше одржана и прес конференција на која освен преставниците на Амбасадата на Република Хрватска, Сојуз на извидници на Хрватска и главен координатор на кампањата Боранка, Хрватски шуми, Сплитскиот извиднички сојуз, земаа учество и Валентин Груевски, Директор на Јавното претпријатие Национални шуми, М-р Маре Басова, помошник директор на Сектор во ЈПНационални шуми и Владимир Костовски, Генерален секретар на Сојуз на извидници на Македонија.
Боренка е интерактивна акција која има за цел да ја подигне свеста на граѓаните, особено на децата и младите, за важноста на шумите, заштитата на природата, последиците од глобалното затоплување и превенција и заштита од пожари.
Назад