Реконструирана управната зграда во подружницата Преспадрво во Ресен
Јавното претпријатие Национални шуми спроведе санација и адаптација на административниот објект во подружницата Преспадрво во Ресен, инвестиција вредна 642.000,00 денари со ДДВ, од сопствени средства.
Инвестицијата е во делот на реконструкција на градежни објекти во Инвестиционата програма за 2022 година. Извршена е санација на кровната конструкција на административната зграда и промена на старите со нови ПВЦ прозорци.
Реконструкцијата во Ресен е една од повеќето планирани реконструкции на објекти, во сопственост на Јавното претпријатие, кои моментално се во тек.
Со оваа реконструкција ќе се подобрат условите за работа на вработените, како и квалитетот на работната средина. Управната зграда на подружницата се реконструира после подолг временски период. Инвестиционите вложувања продолжуваат и во останатите подружници.
Национални шуми продолжува да се модернизира и осовременува
Назад