Инвестиционо вложување во подружницата Кајмакчалан во Битола
Согласно Инвестиционата програма за 2022 година, Јавното претпријатие Национални шуми преку постапка за јавна набавка, спроведе демонтажа и монтажа на нови ПВЦ врати и прозори на управната зграда во подружницата Кајмакчалан од Битола, инвестиција вредна 465.500,00 денари со ДДВ, од сопствени средства.
Инвестицијата е во делот на промена на постоечките со нови ПВЦ врати и прозори.
Адаптацијата на управната зграда во Битола е една од повеќето планирани реконструкции на објекти во сопственост на јавното претпријатие.
Со оваа реконструкција ќе се подобрат условите за работа на вработените, како и квалитетот на работната средина во управната зграда.
Управната зграда на подружницата се реконструира после подолг временски период.
Инвестиционите вложувања продолжуваат и во останатите подружници.
Национални шуми продолжува да се модернизира и осовременува