Продолжува поддршката на акциите за пошумување
Од страна на компаниите на подрачјето на општина Битола, продолжува поддршката и за пролетните акции за пошумување. Голема благодарност до компанијата Cosmic Development, која за прв пат донира опрема за помош во нашите напори за пошумување и тоа ашови, казми и гумени чизми. Cosmic Development е софтверска компанија за ИТ услуги за поддршка и брендови со оперативни центри во Србија и Македонија. ЈП Национални шуми верува во враќањето на заедницата и зачувувањето на нашите природни ресурси и затоа им благодариме на сите компании кои ја поддржуваат нашата мисија за заштита и зачувување на нашето природно наследство за генерациите што доаѓаат.