Усвоена Инвестиционата Програма за 2023 година
На Сто дваесет и третата (тематска ) седница на Владата на РСМакедонија, одржана на 1 февруари 2023 год., е донесена Одлуката за давање согласност на Годишната Инвестициона програма на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми Национални шуми.
Инвестиционата програма на претпријатието во 2023 година е вложување во отварање, изградба и реконструкција на шумски патишта, набавка на основни средства (градежни машини-булдожери, дизел компресори за потребите при изградба на шумски патишта, трактори со витло и теренски возила со погон на сите оски 4x4), информатичка опрема и останати набавки.
Инвестиционите вложувања во претпријатието, се сведуваат на најнеопходните, кои имаат директно влијание за непречено реализирање на Програмата за работа за 2023 година и се планирани во вкупен износ од 112.923.879,00 денари.