Усвоена Програмата за работа за 2023 година
На Сто дваесет и третата (тематска ) седница, одржана на 1 февруари 2023 год., Владата ја разгледа Програмата за работа на ЈП Национални шуми со финансискиот план за 2023 година, како материјал за информирање. Програмата за работа претставува збир на поединечните програми на 30те подружници во состав на Јавното претпријатие и е изработена во согласност со Посебните планови за стопанисување со шумите, како и во склад со реалните можности, технички капацитети и човечки ресурси во секоја подружница.
Програмата за работа на Јавното претпријатие е еден од најзначајните документи, со кој се планираат конкретните задачи кои треба да се остварат во тековната година, притоа имајќи го предвид остварувањето на главната општествена задача и основната цел во работењето, а тоа е заштита и одгледување на шумите, како добро од општ интерес. Во 2023 год. ЈПНационални шуми планира да произведе вкупна бруто дрвна маса од 694.372м3. Продажбата на дрвните сортименти ќе се врши врз основа на Правилникот и Ценовникот со цени на главните шумски производи, за домашен и меѓународен пазар.