Остварени производни резултати во 2022 год.
Врз основа на податоците за остварените производни резултати на подружниците пооделно и на ниво на ЈПНационални шуми кои се содржани во нивните месечни извештаи за производство и реализација на дрвни сортименти. Јавното претпријатие во 2022 год., планираната динамика за сеча кумулативно ја изврши со 75%. Според споредбените податоци со 2021 година за извршените работи фазата сеча е зголемена за 56.125 м3. Споредбата во фазата дотур покажува дека дотурот на вкупна дрвна маса е зголемен за 17.100м3, а превозот на вкупна дрвна маса со остварената продажба од шумски склад е зголемен за 15.221 м3. За реализација на производниот процес во фазите сеча, дотур и превоз, се ангажираат сопствените работници и надворешни извршители. Во 2022 година сопствените работници во овие фази од производниот процес учествуваат со 45% кај сечата, 33% кај дотурот и 34% кај превозот, во вкупната посечена, дотурена и превезена дрвна маса на ниво на ЈП. Во 2022 год. продадена е вкупна дрвна маса од 511.863 м3, од тоа 104.114 м3 се техничко дрво, а 389.023м3 се огревно дрво и 18.726 м3 е отпад после сеча.
Споредбените податоци за остварена продажба на дрвни сортименти со минатата година покажуваат дека вкупната продажба на дрвни сортименти е зголемена во апсолутен износ за 62.156м3. Начинот на продажба на дрвните сортименти е согласно Правилникот за продажба со: рамковен договор за деловна соработка со годишни договори, годишен договор без рамковен договор и продажба на благајна-малопродажба, со објава на Повик за интерес за склучување на купопродажни договори за техничко и огревно дрво, објавен на веб страната на ЈП, во месец декември 2021 год., како и Повик за интерес за опожарена дрвна маса на пенушка во ПШС Голак-Делчево, Равна Река-Пехчево и Малешево-Берово (опожарена во 2021 год.), со сите заинтересирани субјекти кои ги исполнуваа условите во повикот, прописите и критериумите донесени од страна на јавното претпријатие.
Назад