Заедничка акција за пошумување на вработените во Подружница "Кајмакчалан" Битола и Kromberg&Schubert - Битола
Денес вработените во Подружницата Кајмакчалан од Битола и вработените во фабриката Kromberg & Schubert, засадија симболично 5300 садници од даб и црн бор. Пошумувањето ќе продолжи и во следните денови на површина од 4ха. Освен вработените на терен во акцијата учествуваше и Генералниот директор на јавното претпријатие Валентин Груевски. Да ја подигнеме свеста кај младите за значењето на површините под шуми и нивната еколошка вредност, како и потребата од заедничка соработка за нивно одржување.