Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Информација –други шумски производи

Зголемувањето на јавната свест за значењето на шумите и нивната економска, социјална и еколошка улога во секојдневниот живот на граѓаните на Република Македонија  налагаат  поголема одговорност во управувањето со шумите како природен ресурс, 

со посебен акцент на нивната заштита и контрола на користењето на сите производи кои се користат денес, било тоа да се дрва за огев, техничко дрво за дрвна индустрија, градежништво, но и други шумски производи кои прeставуваат значаен приход за руралното население. 

Јавното Претпријатие „Македонски шуми“ во 2012 година го формира новиот Сектор за користење на други шумски производи и заштита на животната средина – екологија, со цел да одговори на обврските и барањата поставени во меѓународните регулативи, но и во домашните законски прописи кои се однесуваат на оваа област. Тоа се законските обврски содржани во “Законот за шуми“, член 72 и “Правилникот за видовите на други шумски производи и начинот на користење и собирање на други шумски производи“.

Во Април 2013 година Управниот Одбор на “Македонски шуми“ ги усвои сите потребни законски прописи - Правилници од областа на користење на други шумски производи, и истите се објавени јавно на веб-страницата на “Македонски шуми“ (www.mkdsumi.com.mk). Известени се сите институции и организации, а посебно фирмите-правни лица кои се бават со откуп на други шумски производи.

Според наведените Правилници за други шумски производи, сите физички лица и правни лица-откупувачи мора да бидат регистрирани и имаат годишни „Дозволи за собирање на други шумски производи“ за собирачи, а правните лица – откупувачи се регистрираат преку  “Договор за отстапување на собирање и откуп на други шумски производи преку откупни пунктови“.

Пријавувањето и регистрацијата се врши во сите 30 Подружници на ЈП “Македонски шуми” низ Република Македонија, каде истовремено се добиваат и детални информации за целокупниот ситем на одржливо користење, негова контрола и законски обврски  на сите учесници во оваа област. 

Во тек е и изработка на званичен материјал “Информативен материјал за користење на други шумски производи “ кој ќе биде достапен на јавноста преку доставување материјали до сите јавни медиуми во градовите и помалите рурални места во Републиката.

 

Панче Николов

Советник на директор по шумарство и екологија

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт