Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Во Охрид одржан четврти Симпозиум за земјоделство и храна

Од 12 до 14 октомври во Охрид се одржа ISAF 22, Симпозиум за земјоделство, на кој присуствуваа повеќе универзитети од Балканот. На настанот земаа учество и Фондацијата CMCC од Италија, водечка институција за климатски промени, како и Dronebase, компанија специјализирана за дронови за еколошки апликации од Италија.
Симпозиумот го отвори Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Проф. Д-р Никола Јанкуловски, а меѓу останатите преку видео конференција настанот го поздрави проф. Рикардо Валентини, директор на одделот за CMCC и добитник на Нобеловата награда за 2007 година за активностите за дисеминација за климатски промени. Освен проф. Валентини, на настанот присуствуваше и делегација на CMCC, предводена од проф. Џовани Алоизио, директор на Super Computing Center на CMCC. На симпозиумот CMCC го претстави проектот OFIDIA2, првиот интегриран систем за превенција и откривање на шумски пожари. Проектот кој е финансиран со програмата INTERREG, веќе е имплементиран во Италија и во Грција. Dronebase, кој моментално има заеднички активности со CMCC е високо професионална компанија, со бројни лиценци и иновативни патенти (внатрешно истражување и развој) во секторот на дронови.
Целта на двете компании беше да се направи проценка за постојано присуство во Македонија, и тоа Фондација CMCC да отвори регионална канцеларија за Балканот, додека Dronebase да отвори производствен пункт. Со оглед на искуството кое е развиено во текот на кампањата за тестирање пожари во Македонија во 2012 година, Ofidia2 може да претставува решение за проблемот со шумските пожари, а ЈП Национални шуми може да биде вистински партнер за да се поднесе проект до европските фондови. На симпозиумот присуствуваше и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а претставник на ЈП Национални шуми беше Коста Парлапанов, раководител на сектор за шумарство.
Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт