Делегации на Национални шуми го одбележаа Илинден во Крушево
![](admin/documents/296166397_385226480387094_9011543389450863082_n.jpg)
Во предвечерието на големиот национален празник 2-ри Август-Илинден, претставници од подружницата Липа од Крушево, предводени од раководителот Јанче Јанески со полагање свежо цвеќе им оддадоа почит на Илинденците, борците од НОБ и членовите на АСНОМ, го одбележаа Илинден во Крушево.
На одбележувањето на Илинден, денес на официјалното чествување, почит на Илинденците им оддадоа и претставници од подружницата Бигла од Демир Хисар, предводени од раководителот Илче Тренчевски.
Илинденската идеја има континуитет низ вековите и ги поврзува нашето минато, сегашноста и иднината.
Илинден е нашата сила за иднината, а нашата иднина е европска.
Нека ни е вековита слободата, сувереноста и независноста.
За многу години Илинден!
![](/upload/images/296003786_385226593720416_3457071143790863391_n.jpg)