Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Започнато оградувањето на оградено ловиште “Мала круша“ во ловиштето “Рожден“ во Кавадарци

На 24.12.2012 година, во месноста “Мала круша“ беше промовиран почетокот на изградбата на новото оградено ловиште на ЈП „Македонски шуми”.

Планираниот ограден простор се наоѓа во ловиштето “Рожден“, на територијата со која стопанисува ПШС „Бор” од Кавадарци. Ловиштето “Рожден“ е востановено како ловиште за крупен дивеч (срна и дива свиња) и се простира на вкупна површина од 14.758 хектари. На површина од околу 250 ха се планира да се изгради ограден простор за интензивно одгледување и застрел на дивеч. Со изградбата на ограденото ловиште ќе се започне со одгледување на елен лопатар, а за понатаму се планира и одгледување на обичен елен.

Симболичниот почеток на оградувањето на ловиштето го отвори генералниот директор на ЈП „Македонски шуми”, Жарко Караџоски во присуство на дел од менаџерскиот тим на ЈПМШ, Коста Парлапанов, помошник на ген. директор за лов, ловен туризам, фарми и рибници, Стојан Иванов, раководител на ПШС „Бор” од Кавадарци и вработени во ПШС „Бор” од Кавадарци.

Настанот го одбележаа дел од медиумите, а во кусата конференција за печат генералниот директор на ЈП „Македонски шуми”, Жарко Караџоски, рече:

“Целта на денешната посета на месноста “Мала круша” е свечено промовирање и симболично започнување на работите околу оградувањето на новото ловиште на Рожден. Ова се прави за првпат во овој регион на ловиштето Рожден кое е со вкупна површина од 14.758 хектари. Од денес па натаму почнуваме една постапка за оградување на, за почеток на 250 ха, а понатаму според потребите кои ќе се покажат. Со самото оградување ќе се донесат и одреден број на крупен дивеч, елен лопатар од ПШС Кожув, Гевгелија.

Гледаме дека овде постојат скоро сите објекти кои се потребни за ваква намена, но секако, имајќи ја предвид нивната старост, бараат вложувања за реновирање и модернизирање, според стандардите кои се очекуваат на пазарот за ваков вид на објекти. Планираме, значи, овој објект да го направиме комерцијален и достапен за сите кои се заинтересирани за овој вид на туризам. За почеток се планира вложување на сопствени средства, а потоа, според преговорите кои ги водиме со претставници на Италијанската влада, се надеваме и на средства кои ќе бидат вложени од нивна страна. Претставници на ЈПМШ, деновиве беа гости на тамошна фирма која се бави со туризам и лов, и бидејќи тие се заинтересирани, очекуваме донација од страна на Италијанската агенција која ќе биде употребена токму за реновирање на оваа шумска куќа. Куќата се наоѓа во непосредна близина на планираниот ограден простор и ќе биде во функција за удобен престој и сместување на ловци, ловци – туристи и останати туристи во овој планинарски дом.

Постои голем интерес од странци кои го познаваат овој регион и ги знаат природните предиспозиции на теренот. Интерес има, но зависи што ние ќе бидеме во можност да понудиме на потенцијалниот посетител, почнувајќи со лов, па се до спортски активности, а наша цел е да стане туристичко место со атрактивна понуда. Местото се наоѓа на околу 1000 мнв. и со прекрасниот воздух, водата, прекрасната природа, претставува вистиснки предизвик за секој љубител на природата, а ние тука го гледаме комерцијалниот ефакт од вложувањата во овој капацитет. Со ова ЈП Македонски шуми ја заокружува понудата на ловиштата со кои концесионира. Според проектот буџетот за наредната година, за ова ловиште за почеток се планирани околу 5 милони денари со самофинансирање, а понатаму, доколку се обезбедат средства од европските фондови преку италијанската влада, каде има доста средства за разни намени кои треба да се искористат.”

Стојан Иванов, раководител на ПШС „Бор” од Кавадарци

“До овој објект води асфалтен пат во должина од 55 км, од кои само дел шумски пат кој не е асфалтиран но е во добра кондиција. Патот е во возна состојба и со мали вложување може да се доправи. Постојат ѕидани објекти кои се во употребна состојба и тоа зграда на два ката, помошни објекти, фурна. Всушност претставува мал ресорт. Се наоѓа на оптимална висина и со планираните вложувања од овој објект имаме големи очекувања во развојот на туризмот и афирмација на природните убавини на овој крај, а за нас како инвеститори, пристојна комерцијална добивка.”

Коста Парлапанов, помошник на ген. Директор за лов, ловен туризам, фарми и рибници

“ЈП “Македонски шуми“ стопанисува со 7 (седум) ловишта кои секоја година привлекуваат голем број на ловци заинтересирани за лов во нашата држава. Со активирањето на ова ловиште ќе се заокружи понудата на пазарот. Би сакал да напоменам дека се работи за прва поголема инвестиција во оградување ловиште од основањето на јавното претпријатие пред 14 години. Целта на изградбата на ова оградено ловиште од овој вид е покрај привлекувањето на ловците кои ќе можат да ловат, да се привлечат и други посетители - туристи и овој прекрасен крај со извонредна природна убавина да биде една привлечна туристичка дестинација. “

 

Галерија

Назад

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт