Годишен извештај за информации од јавен карактер
Согласно Националниот акциски план за Отворено Владино Партнерство и заложбата ,,Проактивно објавување на информациите од јавен карактер на веб страниците на институциите, како и член 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (,,Сл. Весник на РСМ бр. 101/2019г.), Јавното претпријатие за стопанисување со шуми во државна сопственост Национални шуми п.о. – Скопје, го подготви и на веб страната на претпријатието, го објави Годишниот извештај за информации од јавен карактер за 2021 година.
Во објавениот Годишен извештај се содржани бројот на примени и позитивно одговорени барања од страна на службените лица определени за посредување со информации кај имателот на информации, како и бројот на вложени жалби против првостепени одлуки и број на усвоени жалби со одлука на Агенцијата.
Обврските кои произлегуваат од членот 36 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, значат наша обврска и на истите се одговара прецизно, со податоци, коментари и карактеристики кои произлегуваат од нашата работа.