Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Одржана обука за топографско толкување со помош на авионски фотографии

Во периодот од 27 октомври до 8 ноември 2021 год., во просториите на Секторот за уредување на шуми, ловишта и проектирање, се одржа четиридневна обука за топографско толкување со помош на авионски фотографии. Оваа обука имаше за цел да ги претстави карактеристиките на типичните форми поврзани со ризикот од планински опасности со користење на техники за интерпретација на авионски фотографии.
Вработените во ЈПНационални шуми од Секторот за уредување на шуми, ловишта и проектирање, во рамките на оваа обука имаа на увид различни феномени на ризик од планински катастрофи на авионските фотографии со помош на стереоскоп, совладувајки ги техниките и ракувањето со истите. Со тоа се овозможува да се лоцираат ризичните точки во шумите, за да се предвидат соодветни мерки за подобрување на нивните заштитни функции.
Како модел за обработка при оваа обука беше земена ШСЕ Тополка Карабуниште од ПШС Бабуна – Велес. За потребите на обуката преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа обезбедени авионски фотографии од површината на ШСЕ Тополка-Карабуниште, кои по завршување на обуката беа отстапени на секторот.
Обуката беше спроведена од страна на експертскиот тим од јапонската агенција за меѓународна соработка JICA и е дел од проектот EcoDRR со кој треба да се изврши трансвер на знаења и технологии.
ЗАШТИТАТА НА ШУМИТЕ СО ЕКОЛОШКИ ПРИСТАП, ПРИНЦИП СПОРЕД КОЈ ФУНКЦИОНИРА ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт