Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

СООПШЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ за ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА за движење во шума и шумско земјиште

Со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор во услови на екстремно високи температури, а заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите, согласно АПЕЛОТ на Владата на РСМ, а врз основа на член 57, став 3, од Законот за шумите, ЈП Национални шуми воведува ЦЕЛОСНА забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува  на целата територија на РСМакедонија, по претходно добиена согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
ЦЕЛОСНАТА ЗАБРАНА за движење во шума почнува да важи од 03.08.2021 година во временски период од 00:00 до 24:00 часот и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.
Оваа ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА не важи за вработените во ЈП Национални шуми и субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува јавното претпријатие и физички и правни лица кои имаат итна и неопходна потреба за движење во шума, по претходно издадена дозвола за движење од ЈП Национални шуми.За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба и тоа:
Глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице, доколку:
Не презема посебни мерки за заштита на шумите од пожари (член 56, став 1)
Се движи во шума за време на забрана без одобрение (член 57, став 3)
Доколку физичкото лице прекршоците ги извршува од користољубие или со нивно извршување е предизвикана поголема имотна штета ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност.
 
ЈП за стопанисување со државни шуми  НАЦИОНАЛНИ ШУМИ п.о. - СКОПЈЕ                              
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт