Информации

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

СООПШЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ

 

Со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор во услови на екстремно високи температури, а заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите, согласно АПЕЛОТ на Владата на РСМ, а врз основа на член 57, став 3, од Законот за шумите, ЈП Национални шуми воведува ЦЕЛОСНА забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува  на целата територија на РСМакедонија, по претходно добиена согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Целосната забрана за движење во шума почнува да важи од 03.08.2021 година во временски период од 00:00 до 24:00 часот и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.

Оваа целосна забрана не важи за вработените во ЈП Национални шуми и субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува јавното претпријатие.

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба.

ЈП за стопанисување со државни шуми  НАЦИОНАЛНИ ШУМИ п.о. - СКОПЈЕ

Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт