Отпочнато есенското пошумување на подрачјето на ШС Лешница-Тетово
Вработените во ЈП Национални шуми - ШС “Лешница” – Тетово денес ја започнаа акцијата за пошумување и зголемување на шумскиот фонд со 35 000 нови дрвја.
Согласно предвидувањата во Посебните планови за стопанисување со шуми, пошумувањето ќе се изврши на повеќе локалитети во Шумско Стопанска Единица-Сува Гора–Милетино, ШСЕ Јабланица и ШСЕ Шар Планина Бистрица. На површина од 10 хектари ќе бидат засадени 15 000 садници од БЕЛ БОР и 20 000 садници од ЦРН БОР.
Акцијата започна во ШСЕ Сува Гора – Милетино, а ќе продолжи во наредниот период и на останатите локалитети во другите шумско стопански единици.