Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Одржана првата јавна расправа за Осогово

На првата јавна расправа за Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитен предел, која синоќа се одржа во Кочани, беше презентирана Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита “Осоговски Планини” во категоријата Заштитен предел од страна на претставниците на Македонското еколошко друтвро (МЕД), изработувач на Судијата, како и текот на постапката согласно законската регулатива до конечното донесување на Одлуката од страна на Владата на РСМ,  од страна на претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање како носител на реализатор на Иницијативата.

-          Се поголемо значење, особено во пост ковид периодот добива заштитата на животната средина и со зголемувањето на површините на заштитените предели всушност Република Северна Македонија ги следи главните определби на европскиот „Зелен договор“, – заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули  во поздравното обраќање посочувајќи го примерот со изградбата на пречистителната станица во Кочани кој е најдобар показател за ефектитите врз рехабилитацијата на речните видови во реката Брегалница.

Поздравни обраќање имаа и градоначалникот на Кочани Николчо Илиев и заменик директорот на Национални Шуми Маре Басова, иден управувач со заштитениот предел.

На јавната расправа присутвуваше бројна публика составена од претставници на владини институции, општината, бројни локални граѓански здруженија, претставници на бизнис заедницата, новинари и други заинтересирани страни.  Акцент на дискусијата од страна на присутните чеше ставен на статусот на неизградените мали хидроцентрали, особено на онаа што е планирана на Мала Река.Од страна наприсутните беше акцентирана и потребата од поинтензивна еколошка едукација и развивање на позитивни навики кај населението во однос на препознавање на начините за зачувување на природните вередности на Осогово.

Реализација на овој проект е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.

Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт