Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

ЈП Национални шуми во жестока борба со дрвокрадците и бесправните сечи

ЈП Национални шуми на чело со директорот Зоран Ѓорѓиев, Секторот за заштита на шумите и Внатрешна контрола на ЈП Национални шуми, во соработка со другите надлежни институции, влегуваат во сериозна и организирана меѓуинституционална акција за сузбивање на криминалните дејствија во шума кои добиваат загрижувачки карактер.

Менаџерскиот тим и надлежните служби во соработка со секоја подружница посебно се решени да настапат со сите расположиви средства во заштитата на шумите и бесправните сечи.

ЈП”Национални шуми”-Скопје, согласно член 81 и член 81а од Законот за шумите, со Шумочуварската служба постапува во борбата со бесправните сечи. Во акциите спроведени во периодот од 05.06. до 12.06. 2020 год. на териториите од Подружниците ШС”Бабуна”-Велес, ШС”Сандански”-Македонски Брод, ШС”Лопушник”-Кичево, ШС”Малешево”-Берово, ШС”Равна река”-Пехчево, ШС”Караџица”- Скопје,, во извршените акции на територијата на наведените подружници одземени се околу 100 м3 бесправно посечена дрвна маса. Во некои од акциите за сузбивање на нелегалната сеча, учествуваа и припадници на Шумската полиција и МВР.

Со овие акции се докажа дека соработката меѓу надлежните инстуции понатаму продолжува со засилено темпо. Сите сторители на ваквите бесправни дејства ќе бидат најстрого санкционирани од соодветните служби во рамките на Јавното претпријатие.

ЈП”Национални шуми” продолжува со засилени активности на терен со цел намалување на бесправните сечи.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт