Соопштение
Почитувани вработени и деловни партнери, јавно Ве информираме дека и покрај преземените мерки, согласно препораките дадени од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, во околности кои не можат да се отстранат и предвидат, за жал кај двајца вработени во дирекцијата на ЈП Национални шуми - Скопје откриен е вирусот Covid 19. Лицата се изолирани и згрижени, како и оние кои имале контакт со нив. Изнајдена е можност за функционирање во ризик кој е сведен на минимум, преземајќи ги сите мерки за заштита.
Ве молиме за внимателно следење на мерките и препораките, упатствата и информациите од надлежните институции како најрелевантни.
Ве известуваме дека и покрај исклучително тешката ситуација во која се наоѓаме како раководство, ги вложуваме сите напори за нормално одвивање на сите тековни активности согласно условите.
Со почит,
ЈП Национални шуми - Скопје
Назад