Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

ПОШУМУВАЊЕ НА ШАРА

На 25.02.2020 година во организација на ЈП Национални шуми Сектор за одгледување, подигање, екологија и лов и Подружницата Лешница-Тетово во рамките на програмата за проширена репродукција на шумите започна пошумување во атарот на с.Ѓермо.

Површината која е предвидена со оваа пошумување во минатото била деградирана и девастирана од страна на месното население, што довело до уништување на вегетацијата и појава на силна ерозија. Бесправните сечи и напасувањето предизвикале и ефект на набивање на почвата и намалување на порозноста и нарушување на структурата на почвата со што се намалува моќта на впивање на почвата и се забрзуваат ерозивните процеси.


Површината се наоѓа од левата страна од течението на Реката Брза вода кај народот позната како Поројска река. Честото излевање на реката претставува опасност за жителите на околните населени места, за нивните животи, куќи, земјоделски површини.
За спречување на катастрофалните последици од горе наведените причини покрај градежните зафати кои се градат на овој потег (изградба на брани, каскади) неопходно е враќање на вегетацијата односно пошумување на обесшумените површини.


За ова пошумување е предвидено пошумувањето да се врши со садници со брз раст кои ќе овозможат и брзо стабилизирање на почвената површина. Заради овие причини е предвидено пошумување со садници од Robinia pseudoacacia- багрем.

Пошумувањето ќе се реализира со подготовка на почвата која е адекватна за ваков тип на површини (пошумување во дупки) на површина од 10 ха со околу 30.000 садници од багрем. На овој настан учествуваа.

nа почетокот на пошумувањето учествуваа директорот на ЈПНШ Зоран Ѓорѓиев, заменик директорот Berat Dehari, пом. директорот на Сектор за одгледување, подигање, екологија и лов, Маре Басова, раководителот на ПШС “Лешница”-Тетово, Пане Симиќ.
Поддршка на акцијата дадоа и министерот Хисен Џемаили, државниот секретар на МЗШВ Нефрус Челику, како и претставници на локалната самоуправа и градоначалничката Теута Арифи.

Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт