Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Подобрување на капацитетите за производство на садници во расадникот во Свети Николе

Преку проектот J I C A- Подобрување на капацитетите за производство на садници во  расадникот во Свети Николе

Борбата против климатските промени кои носат катастрофални последици по светот глобално и локално во нашето општество, најуспешно се совладуваат со зголемување на површините под шуми, со пошумување.

 

Приоритетите на  ЈП “Национални шуми” и во идниот период остануваат одржливото стопанисување со шумите во Република Северна Македонија и се насочени спрема зголемување на општокорисните функции на шумите, како и спрема заштитата и грижата за природата и животната средина. За таа цел како една од поважните мерки кои ги извршува ЈП е пошумувањето на голините и деградираното шумско земјиште и пошумување на опожарените површини. Спроведувањето на овие мерки е од голема важност бидејќи за спречување на опустинувањето, природните катастрофи како ерозија, поплави, пожари и загадувањето на водите и воздухот најефикасно се спречуваат со пошумувањето односно зголемување на зелените површини, каде дрвјата и другите растителни видови ја одржуваат природната рамнотежа помеѓу чистиот и потрошениот (загадениот) воздух, вода и почва  во природата.

Во таа насока помеѓу ЈП “Национални шуми” и Јапонската агенција за меѓународна соработка JICA во 2017 година потпишан е договор за отпочнување на ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА КАПАЦИТЕТИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ  НА РИЗИКОТ ОД КАТАСТРОФИ ВРЗ БАЗА НА ЕКОСИСТЕМСКИ МЕРКИ ПРЕКУ ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО ШУМИТЕ ВО  МАКЕДОНИЈА.

Предвидено е проектот да трае 5 години односно до 2022 година. Целта на проектот е развој на модел на Еко-системски базирано намалување на ризикот од катастрофи (Еко-НРК) од поплави, лизгање на земјиштето, ерозија на почвата и шумски пожарисо користење на повеќе шумски функции.

Проектот е поделен на 4 делови:

  1. Надградба на MKFFIS
  2. Зајакнување на капацитетот за планирање и управување со шумите
  3. Подобрување на капацитетот за изведба на Еко-НРК активностите
  4. Зголемување на јавната свест

Во третиот дел како важна компонента е Подобрување на капацитетите за производство на садници во  расадникот во Свети Николе.

Во 2018 година од страна на  JICA експертите направена е анализа и изготвен е извештај  за сегашната состојба на расадникот и направен е план за подобрување на капацитетите на расадникот. Овој план е планирано да се изведува во 3 фази:

  • Во првата фаза обезбедени се 1000 контејнери за производство на садници (2018 година, 200 контејнери за производство на листопадни дрвни видови и 800 контејнери за иглолисни дрвни видови);
  • Во втората фаза 2019 година извршена е целосна реконструкција на иригациониот систем и системот за прихрана на садниците со инсталирање на нова автоматска линија и мрежа за засена во 3 мрежници.

Набавена е машина за автматско полнење на контејнерите со тресет , машина за автоматско сеење на семе во контејнерите. Со обезбедувањето на овие машини изврешено е автоматизирање на целокупниот процес на полнење и сеење кој досега претставувше голем проблем при организирање и извршување на активностите бидејќи се вршеше рачно и беше потребно ангажирање на поголем број на работници  подолго време.

Извршено е и адаптирање и реконструкција на објектот во кој се вршеа овие активности.

Обезбедена е и механизација за подготовка на почвата за пошумување и третирање на садниот материјал (трактор со сите неопходни приклучни машини, мотокултиватор,  2 грбни рачни прскалки и 1 моторна грбна прскалка, електричен тример и моторен тример).

Во третата фаза е предвидено реконструкција на уште 2 мрежници.

 Со овој проект ќе се изврши целосно рационализирање и модернизирање на процесот за производство на саден материјал во расадникот во Свети Николе, а со тоа ќе се овозможи производство на поголем број на садници за масовно пошумување со балиран коренов систем што е важен предуслов за пошумување и обновување на шумскиот фонд а со тоа и враќање и ревитализирање на површините кои на било каков начин во минатото биле деградирани или опустошени.

М-р Маре Басова

-помошник директор

-Сектор за одгледување, подигање,

екологија на шумите и лов

 

Назад

COVID-19 (корона вирус)

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт