Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Вработените во државните институции помагаат за чистење на градот #АдминистрацијатаЧисти #НеБидиЃубре

Вработените во државните институции помагаат за чистење на градот 

#АдминистрацијатаЧисти #НеБидиЃубре 

 

 

ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ ја поддржува оваа акција и активно учествуваше во акцијата„Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ како еколошка порака за поттикнување на свесноста за одговорноста на секој граѓанин за одржување на чиста околина.

Животната средина е заедничка, на сите нас, само со заедничка вклученост може да ја зачуваме.

ЈП Национални шуми ја следи природата и ја почитува и настојува во одржување на здрава животна средина, зашто природата го следи својот тек како мирна река, без големи осцилации, падови и скокови.

Во природата не постојат награди, ниту казни. Постојат само последици,а последиците ги чувствува човекот. Затоа е важен складот со природата почитување на законите на природата за што поздраво и поуспешно зачувување на здравата животна средина. Животната средина е заедничка, на сите нас, само со заедничка вклученост може да ја зачуваме.

  • На 14.12.2019 година, вработените во ЈПНационални шуми од дирекцијата и од ПШС Караџица –Скопје, предводени од директорот Зоран Ѓорѓиев, заменик директорот Берат Дехари и целиот менаџерски тим, масовно присуствуваа на чистењето на улицата Џон Кенеди, која беше определена од организаторот МИАО. ОД СОЗР беа поделени, кеси за ѓубре, ракавици и маски на сите институции кои учествуваа под координација на ЈП Национални шуми. На оваа локација беа присутни, заедно со своите директори:
  • ЈП Македонија пат
  • ЈП за државни патишта
  • Централен регистар на РСМ
  • Државен инспекторат за шумарство и ловство
  • Државен инспекторат за техничка инспекција
  • Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати

Акцијата Администрацијата чисти започна навреме, а првата локација беше паркот кај поштата во Чаир, каде што се собраа присутните од сите институции, а потоа продолжија долж улицата Џон Кенеди и назад. Ѓубрето го собираа постојано камиони обезбедени од општина Чаир, кои дадоа исклучителна логистика на целиот настан. Акцијата започна околу 12 часот, а траеше до 15 часот. Изјави за медиуми дадоа сите присутни директори на присутните институции, како и претставници на ЈП Национални шуми како носител и координатор на целиот тек на Акцијата на оваа локација.

“Вработените во ЈПНШ го дадоа својот максимален придонес во акцијата„Администрацијата чисти, длабоко свесни за значењето на здравата животна средина, ценејќи го овој исклучителен еколошки гест на јавната администрација и ресорното министерство.Масовното присуство на вработените во ЈПНШ, како и од другите институции, докажува дека кај жителите на државата постои еколошка свест за важноста на здрава животна средина”- изјави Зоран Ѓорѓиев, директор на ЈПНШ.

 

“За мене , како и за вработените во ЈПНШ, акцијата „Администрацијата чисти, претставува особено задоволство учеството во неа.Ја поздравувам акцијата и нагласувам дека животната средина е заедничка, на сите нас, само со заедничка вклученост може да ја зачуваме. ” Берат Дехари, зам. директор ЈПНШ.

“Сe  вклучувам во акцијата „Администрацијата чисти со своето учество во неа заедно со сите вработени во  ЈПНШ и останатите колеги од Јавната администрација. Очекувам, дека откако сите ние заедно ќе наполниме стотици ќеси ѓубре, ќе размислиме два пати следниот ден, пред да го фрлиме ѓубрето повторно ”. Гордана Серафимовска, пом. директор, ЈПНШ.

 

 ”Ја поздравувам акцијата „Администрацијата чисти”, како акција што ја подига свеста за здравата животна средина и се надевам дека сите заедно ќе се погрижиме овие локации на кои работиме ќе останат чисти и после сабота”.

Соња Никчевиќ, ЈПНШ

Назад

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт