Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Примопредавање на теренски возила во дирекцијата на ЈП Македонски шуми

Возилата Great Wall, модел STEED 6, кои се набавени според Инвстиционата програма за 2018 година, стасаа во дворот на дирекцијата на ЈП Македонски шуми во половината на март, 2019 година. 
Денес, на 22.март.2019 година се изврши примопредавање на возилата кои претставуваат голем придонес во олеснувањето на работата . 
По заслуга и со големо залагање на Секторот за шумско земјиште, шумска инфраструктура и механизација од ЈП Македонски шуми, на чело со пом директорот на секторот Жарко Анастасијески, пом. директор, како и на советникот за шумско земјиште, шумска инфраструктура и механизација во ЈП Македонски шуми, м-р Ванчо Србакоски кои им ги предадоа клучевите на раководителите на ПШС “Лопушник”-Кичево, ПШС “Бабуна”- Велес, ПШС “Кожуф”-Гевгелија и ПШС “Бор”-Кавадарци и на новите корисници им посакаа успешна работа. 


Возилата располагаат располагат со модерна дополнителна опрема , која се состои од 2 воздушни перничиња, преносен систем со брзи и бавни брзини, електронско вклучување и исклучување, клима уред. Возилата поседуваат и TCES систем за дополнителна помош во движењето.Зафатнината на моторот изнесува 2378cm3 и моќност од 90kw, со емисија на издувни гасови стандард Euro 6 и вграден плински уред, со што е постигнат спој меѓу економичноста и еколошките стандарди. 


“ Основните средства со која располага ЈП “Македонски шуми” се во лоша и застарена состојба, тековното одржување е многу скапо, подложни се на чести дефекти поради што доаѓа до застој во работењето, честопати има недостаток од оригинални квалитетни резервни делови, поради што се намалува ефективноста и се зголемуваат трошоците во работењето. Со набавката на овие возила значително ќе се зголеми продуктивноста во работењето, а со тоа ќе се подобрат и финанскиските резултати, во корист на претпријатието. Токму затоа, во иднина ќе настојуваме малку-по малку да го обновуваме возниот парк со нови возиле. Во Инвестиционата програма за 2019 година и со Планот за јавни набавки е праниран дополнителен број на теренски возила, со што ќе се подобри и олесни работата на повеќе подружници.”- нагласи Жарко Анасатасијески,пом.директорот на Секторот за шумско земјиште, шумска инфраструктура и механизација.
“Ваквите инвестиции се секогаш исплатливи на долгорочно ниво, додаде советникот за шумско земјиште, шумска инфраструктура и механизација, м-р Ванчо Србакоски, зашто веќе дотраената механизација во претпријатието стана голем товар и извор на непланирани трошоци. ”

Назад

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт