Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Обновување на возниот парк во ЈП Македонски шуми

Генералниот директор, Жарко Караџоски при доделувањето на втората транша на теренски возила Лада Нива, на уште десет подружници на јавното претпријатие им се обрати на раководителите на подружниците, со куса елаборација на новата инвестициона програма на ЈП Македонски шуми, чиј почеток на реализација започна токму со набавката на вкупно 20 теренски возила Лада - Нива, планирани за оваа година.

- "Со инвестиционата програма на ЈП Македонски шуми за 2011г., беше планирана набавка на 40 теренски возила. Заради добро познатите рецесиони движења кои ја зафатија државата, Владата овој број се преполови, со ветување и заложби дека следната година ќе се овозможи комплетриање на вкупната набавка од 40 теренски возила. Покрај тоа одобрена е јавна набавка на три нови булдожери, значи за првпат ќе имаме нови булдожери, два помали еден поголем, со тоа што следната година се планира набавка на уште најмалку три.

Со тоа, и со активирање на постоечките машини кои се во добра кондиција, целата фаза на изградба на патишта ќе биде на ЈП Македонски шуми. Тоа значи дека нема да трошиме за резервни делови, ќе ги намалиме трошоците и со таа заштеда ќе ги платиме новите машини. Сите булдожери ќе се водат во дирекција, ќе има одговорен човек за тоа и тој ќе ја определува потребата за активирање на машините кај што ќе биде потребно, тоа значи нов стил на работа.

Моментално тоа ќе бите План и анализа, инвестиции и развој, а потоа ќе се определи човек кој ќе ја води целата работа во делот на машинскиот возен парк , централизирано. Покренавме и постапка за зголемување на бројот на шлепери. До крајот на годината планираме набавка на 3-4 шлепери и заедно со тие два што ги зедовме од подружница Караџица , ќе бидат преземени во дирекција. Со тоа вишокот на дрвна маса, кој се појавува во некои подружници како Демир Хисар, Македоски Брод, Охрид, и други, ќе биде превезувана во поголемите потрошувачки центри, како Скопје, Куманово, Штип, Свети Николе, Тетово...Ова ќе биде континуирано преку целата година.

Во рамките на оваа инвестициона програма е и со изградба на базени за чување на дрвна маса, во Кавадарци, Кичево и уште еден центар дополнително, со градењето на овие базени ќе се обезбеди складирање на техничката дрвна маса преку целата година. Ова накратко е почеток на реализација на плановите за оваа година, а до вас имам апел, пред се, вие како менаџери да ја развивате свеста кај вработените за потребата од зголемување на одговорноста кон работата, зголемување на производството и исполнување на плановите, зголемување на финансиската дисциплина и нивото на продажбата. "

Назад

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт