Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Зоран Ѓорѓиев, директор на ЈП Македонски шуми

Апел на свеста и совеста на граѓаните 
ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ ШУМИТЕ ОД ШУМСКИ ПОЖАРИ

Зачестената појава на шумски пожари во последниов период на територијата на целата држава претставува огромен атак на шумскиот фонд со кој стопанисува ЈП Македонски шуми. 
И покрај сите апели и предупредувања, оваа немила појава продолжува. Во гаснењето и локализирањето на пожарите очествуваат огромен број на вработени, кои и покрај, условно кажано, добрата опременост и натчовечките залагања, но резултатите се вообичаено на штета на шумите. Да не го спомнуваме моментот дека сите овие вработени, како и целата механизација која , при појава на пожар, автоматски се пренасочува на спречување на оваа појава, а во исто време се запоставуваат редовните работи од кои како претпријатие нормално зависиме. Овој период без врнежи е исклучително поволен за извршување на редовните работи во шума, а ние токму сега треба да го прекинуваме континуитетот на производство со пренасочувања на вработените на друго место. 


Исто така треба да се нагласи дека при гаснење на пожари е потребна помош и од други институции(ЦУК, ДЗС), со кои имаме континуирана и добра комуникација која на крај вродува со плод, нo жал остануваат последици. 
Ние сме секогаш први на терен, заедно со противпожарните бригади, но тоа не значи дека на време ќе го локализираме пожарот, особено, ако неколку пожари се појавуваат по неколку на одреден регион. Чувството на немоќ во такви моменти е поразувачко и сите напори изгледаат залудни. Јас сум присутен скоро на сите места опожарени површини и особено ме погаѓа овој факт и ми останува само да повторувам ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ РАБОТА И ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМА. 


Сите работи кои се потребни да се сработат во шума, да вршат внимателно и со свест дека и со мало невнимание може да се предизвикаат несогледливи последици по животната средина, нарушување на екосистемот кој тешко се обновува. Ние ги обновуваме опожарените места но сите знаеме коклу време е потреб но да се создаде повржина под шума која ќе ја врши својата функција на производство на кислород и нормализирање на сите функции кои шумите го имаат во еко системот на Планетата Земја. 
Мене ми преостанува да упатам уште едне АПЕЛ до граѓаните ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ ШУМИТЕ, А СО ТОА И РАМНОТЕЖАТА ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.

Зоран Ѓорѓиев, директор на ЈП Македонски шуми

Назад

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт