Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Промовиран концепт за рано откривање на шумски пожари

Промовиран концепт за рано откривање на шумски пожари, кој во себе интегрира мрежа на сензори, камери и беспилотни летала (дронови) за собирање на податоци и изработка на анализи

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На ден 21.3.2019 година во Бест Вестерн хотел-Скопје министерката за одбрана на РСМ Радмила Шекеринска даде подршка на работилница за проект преку кој ќе се развива концепт за рано откривање на шумски пожари, кој во себе интегрира мрежа на сензори, камери и беспилотни летала (дронови) за собирање на податоци и изработка на анализи.Сето ова ќе биде искористено да се подобри процентот на откривање на шумските пожари во области од особено значење, да ги следат области со висок индекс на можност за настанување на пожари и областите веќе погодени од шумски пожари, и да се предвиди однесувањето на шумски пожари.

Проектот се вика „Напредни системи за превенција и рано откривање на шумски пожари“, а предвидено е добиените информации од системот да се разменуваат помеѓу органите вклучени во системот за управување со кризи на сите нивоа.„На тој начин да се подобрат механизмите за координација помеѓу локалните, регионалните и националните органи, подобри соработката помеѓу разните органи и релевантните чинители како што се академските институции, истражувачките институции и приватниот сектор како и побрзо донсевање на квалитетни одлуки за ангажирање на потребен број на луѓе и средства за гаснење на пожарите, следење на состојбите во просторите зафатени со пожар, со што ќе се обезбеди намалување на можните штети од шумските пожари, заштита на животната средина и заштита на ендемичната флората и фауната.

Предвидено е системот за рана детекција на шумски пожари да ги поддржува отворените интерфејсови на постоечкиот информациски систем за кризен менаџмент (CMIS) во земјите учеснички во проектот и да се овозможи негова достапност за сите европски држави, како и на трети земји.Крајни корисници на резултатите предвидено е да бидат Министерствата за земјоделие, шумарство и водостопанство и за животна средина, Центарот за управување со кризи и Националните паркови.Воена Академијата „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го работи проектот во соработка со „Hochschule Fulda University of Applied Sciences, Comicon Ltd. Bulgaria“, „InterConsult Bulgaria Ltd“ и „National Cluster for Intelligent Transport and Energy Systems (NCITES)“. Проектот е дел од Европската програма операции за цивилна заштита и хуманитарна помош.

Назад

Отчетност

Пријава за вработување

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт